Албанскиот премиер во дводневна посета на Турција
Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Турција. Во рамки на посетата тој ќе оствари средба и со турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган. На планираните средби Рама со своите соговорници ќе разговара за случувањата во регионот, како и билатералните односи меѓу двете земји, наведува албанските медиуми.
Шефот на грчката дипломатија Дендиас во посета на Тирана
Рама кој се смета за голем пријател со Ердоган, во средината на септември минатата година беше во ненајавена посета на Турција на средба со шефот на турската држава, за која лично информираше Рама на социјалните мрежи каде што објави и заедничка фотографија.