Временска прогноза - облачно со врнежи од дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, додека на планините со внежи од снег. На крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират низ целата земја, пообилни ќе бидат во западните подрачја.
Врнежи од снег ќе повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5 степени, а дневната од 7 до 13 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожр, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 8 степени.