Конгрес на Работничката партија на Северна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун призна дека имало „грешки“ во економскиот развој на земјата на отворањето на конгресот на владејачката партија. Конгресот е прв по пет години и осми во историјата на Северна Кореја. На него учествуваат илјадници делегати и набљудувачи. На отворањето на Осмиот конгрес на Севернокорејската работничка партија во Пјонгјанг, „врховниот лидер зборуваше за успесите постигнати од партијата и народот на Северна Кореја“, соопшти државната севернокорејска новинска агенцијата.
Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди
Ким, сепак, рече дека развојните цели поставени на конгресот во 2016 година „во голема мера не се исполнети во сите области“ и дека Северна Кореја не смее да ги повторува грешките. Северна Кореја ќе претстави нов петгодишен план за развој на конгресот што започна вчера. Претходниот конгрес на владејачката партија траеше четири дена.