Во САД нов рекорд на починати од ковид, болниците преполни
САД соборија рекорд за бројот на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, додека болниците во повеќе населениот дел на Калифорнија соопштија дека се толку преполни што повеќе не можат да примаат пациенти со исклучително мали шанси за преживување.
Бројот на смртни случаи во САД предизвикани од коронавирусот достигна 3.963 за 24 часа на 5 јануари, според пресметките на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Земјата исто така забележа 250.173 нови случаи, покажуваат податоците на Универзитетот. Со тоа вкупната бројка на инфекции во САД достигна повеќе од 21 милиони и вкупно 357.067 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Бројот на хоспитализирани лица исто така достигна рекорд со повеќе од 131.000 пациенти, според податоците на Проектот за следење на Ковид.
Здравствените власти во Лос Анџелес им порачаа на вработените во брзата помош да престанат да превезуваат возрасни пациенти кои не можат да бидат реанимирани во болниците.
Тие велат дека има недостиг на кревети и персонал и потреба за ограничување на употребата на кислород.
Другите земји преземаат чекори во обид да ги забават високите бројки на нови случаи. Британија ги затвори училиштата на 5 јануари пред новата новиот национален „локдаун“, а Германија го продолжи затворањето на деловните активности и канцелариите за дополнителни три недели.