Европската агенција за лекови одлучува за вакцината на компанијата Модерна
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска се состана во Амстердам за да одлучи дали ќе ја одобри вакцината против Ковид-19 на американскиот производител Модерна, откако ваква одлука не беше донесена претходно оваа недела.
ЕМА во понеделникот на 4 јануари свика вонреден состанок на кој се разговараше за вакцината на Модерна, но не беше донесена одлука.
ЕМА тогаш не прецизираше зошто не може да ја одобри вакцината, но вчера нејзините експерти наведоа дека „се работи напорно на разрешување на нерешените проблеми со компанијата.“
Холандската национална управа за лекови за Ројтерс соопшти дека се подготвува за позитивна одлука во среда и за сценарио во кое сѐ уште не е можно да се дојде до заклучкок.
ЕМА одреди рок дека до 12 јануари ќе одлучи дали треба да ја препорача вакцината на Модерна или не.
ЕМА уште на 21 декември ја препорача вакцината против Ковид-19 на американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек, по што ја примија стотина илјади жители на Европа.