Влада: 141 компанија доби 11,5 милиони евра државна помош
Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со 11,5 милиони евра поддржани се 141 компанија, кои вработуваат околу 18.000 лица, соопшти денеска владината прес-служба. Во соопштението од Владата се наведува дека контирунирано докажувааат оти се посветени на партнерски однос и поддршка на домашната економија и во време на светска економска криза предизвикана од Ковид-19.
Владата размислува за петти економски ковид-пакет
Од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, пак, наведуваат дека претходно на заедничка прес-конференција, тој и министерот за економија, Крешик Бектеши, информираа дека оваа година беа потпишани нови 38 договори и 10 анекси на постоечки договори со компании за државна помош, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра.
Хоџа најави 150 милиони евра субвенции, поддршка за млади фармери и „зелена нафта”
„Кумулативно, од 2018 година до денес, по овој Закон се потпишани 245 договори со компании. Од нив до 15 ноември 2020, до кога е и законскиот рок за аплицирање за исплата на државна помош за инвестициски циклуси направени во 2019, беа пристигнати 151 барање. Од нив, 141 компанија кои вработуваат околу 18.000 лица, ги исполнија условите согласно Законот и за истите беше исплатена финансиска поддршка од околу 11,5 милиони евра или 706.666.491 милиони денари“, стои во соопштението.