Рама- вакцинацијата против Ковид19 во Албанија ќе почне во јануари
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека албанската Влада постигнала начелен договорот со компанијата „Фајзер“ за обезбедување антиковид вакцина. Тој објави дека вакцинацијата на популацијата во Албанија почнува во јануари.
„Во екстремно тешки услови, поради вртоглавата глобална побарувачка и се уште многу малото производство, по интензивни контакти од сите четири страни, начелно се согласивме со текстот на договорот со „Фајзер“ вакцинацијата да почне во јануари“, напиша Рама на Твитер.
Во почетокот на овој месец Рама беше во посета на САД каде што се сретна со Алберт Боурла, генерален директор на компанијата „Фајзер“.
„Промена на играта“ во борбата против ковид-19, Европа се вакцинира
Инаку тој денеска ја осуди „ диференцијацијата на ЕУ кон Балканот по ова прашање, а и изминатите денови ја критикуваше ЕУ за дистрибуцијата на вакцини против коронавирусот, велејќи дека Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволно за своите граѓани.