МЗ- првите дози на вакцината против Ковид19 во Македонија ќе пристигнат во февруари
Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“, соопшти Министерството за здравство. Од таму наведуваат дека денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели.
Министерството информира дека продолжува со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковкакс механизмот од каде, како што се наведува, се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.
Рама- вакцинацијата против Ковид19 во Албанија ќе почне во јануари
Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа, како што се наведува, македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.