За 24 часа 469 казни во Македонија за неносење заштитна маска за лице
Во последното деноноќие, на територијата на цела Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, се казнети 469 лица, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.
Неделен ковид извештај: Помалку починати и заразени
Полицијата во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. Казната за неносење заштитна опрема за лице изнесува 20 евра.