Уште една жртва од земјотресот во Хрватска
Уште едно тело е извлечено од урнатините во местото Глина по земјотресот со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала кој денеска ја погоди Хрватска. Претходно властите соопштија дека 12 годишно девојче од градот Петриња, каде беше епицентарот на земјотресот е првата жртва, а во меѓувреме телата на четири лица беа извлечени од урнатините во Глина.
„За жал овде во Глина како последица на овој разорен земјотрес имаме многу жртви. Овде во местото Мајска Полјана имаме сега пет мртви. Со девојчето од Петриња вкупно шест настрадани во земјотресот“, изјави министерот Томо Медвед при посетата на местото.
Жртви и разурнувања од земјотресот што го погоди хрватскиот град Петриња
Пациентите во болницата во Петрињa чекаат да бидат евакуирани, бидејќи во објектот нема ниту електрична енергија ниту греење. Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор.
Локални медиуми повикувајќи се на информации од болниците јавија дека најмалку 20 лица се повредени, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени. Во земјотресот урнати се и голем број куќи и јавни објекти.