Полска од денеска оди во национален карантин поради Ковид-19
Од денеска до 17 јануари, поради пандемијата, во Полска е воведен национален карантин со задолжителни строги санитарни мерки, отворени се само продавници со основни потреби и намирници, додека хотелите се затворени дури и за можни службени патувања.
Од 28 декември до 17 јануари, секој што влегува во Полска со авион, автобус или воз мора да биде во карантин 10 дена. Деца на возраст под 16 години можат да излегуваат надвор само во придружба на возрасни, а во куќи и станови можат да се соберат најмногу пет лица.
„Промена на играта“ во борбата против ковид-19, Европа се вакцинира
Во декретот за воведување на национален карантин, владата исто така предвиде забрана за дочек на новогодишната ноќ на отворено и воведе полициски час од 19 до 6 часот наутро на 31 јануари.