Нови 657 позитивни на коронавирус, 31 починати
Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 657 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.347 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 76.251. Починати се 31 пациент во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.225 лица.
Во моментов во земјава има 21.613 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 323, а потоа следуваат Прилеп со 38, Куманово 23, Тетово 19, Велес 22, Битола 36...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 373.738 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 52.413 лица од почетокот на епидемијата во февруари оваа година.