Повикан на распит претседателот на белоруското новинарско здружение
Белоруската полиција го повика на распит претседателот на белоруското новинарско здружение Андреј Бастунец во врска со истрага за активности „насочени кон предизвикување штета на националната безбедност“. Во соопштението од новинарското здружение е наведено дека на Бастунец му било наредено да се појави на распит на 16 декември во централната канцеларија на Истажниот комитет на Минск.
Овој потег следува откако Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк објави извештај во кој Белорусија се посочува во групата земји каде што е зголемен бројот на приведени новинари во изминативе неколку месеци. Станува збор за периодот на масовните простети против актуелниот претседател Александар Лукашенко кој тврди дека победил на спорните претседателски избори во август.