Нов предлог- скратено време за угостителски објекти, забрана за прослави на плоштади
Во пресрет на новогодишните празници, а во обид да се спречи ширењето на коронавирусот Комисијата за заразни болести предлага нови мерки, меѓу кои, и забрана за работа на угостителските објекти по 18 часот. Угостителите се незадоволни од оваа препорака и бараат да работат до еден часот по полноќ.