Македонија во рецесија, надеж влева индустриското производство
Со втор квартал по ред пад на економијата, Македонија официјално влезе во рецесија. Народната банка прогнозира пад од 4,9 отсто. Владата останува на проекциите од минус 4,4 проценти. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека индустриското производство се опоравува.