Ковид-19 го одложи и третото рочиште против Усеиини од Охрид
Не се одржа ниту третото по ред рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води против браќата Нефи и Ибраим Усеини. Рочиштето се одложи оти на Нефи Усени има ковид-19, па му е изречена мерка домашна изолација.
Инаку, првото рочиште од процесот беше одложено за 26 октомври, поради влошената здравствена состојба на Ибраим, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини. Второто рочиште не се одржа поради тоа што второобвинетиот Ибраим Усеини беше на оперативно лекување во странство и стоматолошка интервенција на оштетениот Спиро Топалоски.
Се урива бетонската база на советникот Нефи Усеини во Охрид
Покрај денешното, предметот што сега го води судијката Билјана Белеска имаше закажано уште едно рочиште на 3 декември што, исто така е одложено, со појаснување дека процесот треба да продолжи во јануари 2021 година.
Обвинителството покрена постапка против браќата Усеини за физички напад на Спиро Топалоски.