Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Новости за 18.11.2020

САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите американски држави ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија. „Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката рамка до крајот на оваа година“, , изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот, нагласувајќи дека ги поздравува напорите за преговори. Димитров - Македонскиот... Читать дальше...

Путин - Епидемиолошката ситуација и натаму компликувана

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Русија Владимир Путин посвети внимание на компликуваната ситуација во земјата поради епидемијата на коронавирусот. Тој на почетокот на виртуелниот состанок со членовите на кабинетот, изјави дека властите постојано внимателно го следат прашњето на епидемиолошката ситуација. „За жал, нашата ситуација не е едноставна“, рече Путин. Коронавирусот (SARS-CoV-2) се појави во Кина на крајот на 2019 година и досега во светот се заразени повеќе од 55 милиони луѓе, починаа повеќе од 1,3 милиони... Читать дальше...

Нови 1.406 позитивни на коронавирус, 21 починат

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.406 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.398 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се зголеми на 50.015 лица. Починати се 21 пациент во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 1.397 лица. Во моментов во земјава има 19.035 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство. Читать дальше...



САД одобрија повторно да лета Боинг 737 Макс

SlobodnaEvropa.mk 

САД денеска одобрија повторно да лета Боинг 737 (Макс), по две години откако овие авиони беа приземјени по две несреќи во период од пет месеци, во кои загинаа 346 луѓе. Американската Сојузна агенција за авијација (ФАА), која е воздухопловно регулаторно тело во САД, во соопштение наведе дека одобрението е дадено по „сеопфатен и методолошки“ процес на истражување од 20 месеци. Повеќе модификации треба да бидат спроведени на авионите пред повторно да можат да летаат. ФАА наведе дека исто така... Читать дальше...

Руски пратеник предлага закони за ограничување на протести

SlobodnaEvropa.mk 

Руски пратеник од владејачката партија Единствена Русија предложи два закона, со кои дополнително ќе се ограничи правото на собири на граѓаните. Предлог-законите предолжени на 17 ноември во долната комора на Парламентот, Државната Дума, од страна на Дмитриј Вјаткин, предвидуваат да се забрани финансирањето на митинзи од странски извори и ќе воведат ограничувања за новинари кои оизвестуваат од такви собири. Законите исто така ќе забранат јавни настани и митинзи во близина на згради каде работат служби за итни случаи... Читать дальше...

Димитров - Македонскиот јазик не може да биде пречка за интеграција

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска изјави дека македонскиот јазик и идентитет не може да бидат пречка за интеграција во Унија, чија културната и јазичната различност е вредност којашто треба да се почитува согласно Лисабонскиот договор, соопшти денеска македонскиот Секретаријат за европски прашања (СЕП). Коментарите доаѓаат во услови на бугарска блокада на македонскиот евроинтеграциски пат, која се случи пред еден ден, поради нерешени прашања на релација Скопје-Софија. ... Читать дальше...

„Фајзер“ го завршува испитувањето на вакцината со 95 отсто ефикасност

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ соопшти дека конечните резултати од испитувањето во доцната фаза на неговата вакцина за Ковид-19, покажале дека таа е 95 проценти ефикасна и дека вакцината се чини дека ќе ги штити повозрасните луѓе со најголем ризик за смрт од Ковид-19. „Фајзер“ на 18 ноември додаде дека ги има потребните податоци од последните два месеци и дека ќе аплицира за итно одобрување во САД во наредните денови. Конечните анализи беа објавени само една недела откако првичните... Читать дальше...

Борисов по ветото за Македонија: Не сме тврдоглави

SlobodnaEvropa.mk 

Нашата позиција не е позиција на тврдоглавост или позиција да ги запреме нашите најблиски пријатели, бугарската позиција е принципиелна и ги одразува очекувањата на сите бугарски граѓани, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашното бугарско вето на преговарачката рамка на Европската унија и Северна Македонија. „Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме со нив, многу внимателно им објаснивме до каде можат да одат нашите компромиси. Подготвени сме да ги продолжиме разговорите“... Читать дальше...



Албанскиот претседател Мета ќе го посети Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета во сабота на 21 ноември ќе го посети Дебар, каде што ќе  се одбележи 111 годишнината од  Дебарскиот конгрес.   Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука за Радио Слободна Европа изјави дека Мета напладне ќе има средба со претставниците на локалната власт на општина Дебар, а ќе се обрати и пред членовите на Советот на општината. Потоа ќе учествува на одбележувањето на 111 годишнината на Дебарскиот конгрес, кој според албанските историчари има големо значење за албанскиот народ во времето на Отоманската империја. Читать дальше...

Иран ќе му „се врати“ на нуклеарниот договор ако Бајден ги укине санкциите

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Зариф, изјави дека Техеран ќе се врати во целосна согласност со нуклеарниот договор од 2015 година, доколку новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ги укине осакатувачките санкции против земјата. Зариф во интервјуто за владиниот дневен весник „Иран“ вчера рече дека Техеран останува посветен на нуклеарниот договор, познат формално како Заеднички сеопфатен план за акција и дека Бајден може брзо да ги направи промените преку „три извршни наредби“. Читать дальше...

Неделен ковид извештај: Помалку позитивни, повеќе смртни случаи

SlobodnaEvropa.mk 

За периодот од 9 до 15 ноември 2020 година, тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Ковид-19, со зголемување од 6,4 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи, информираше денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје. Читать дальше...

Славица Јанешлиева: Уметникот низ своите дела ја изложува својата душа и тело

SlobodnaEvropa.mk 

Чинот на творење е индивидуална активност, секој твори на начин каков што му одговара, а дигиталното е одамна присутно и се применува, знае да каже македонската уметница Славица Јанешлиева, чија онлајн изложба „Преплетување“ се одржува до крајот на ноември.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче, министерот се закани со тужба

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од министерот за здравство, Венко Филипче, со обвинување дека „го заташкува“ случајот со смртта на 41-годишната пациентка во штипската болница. „Нашите извори говорат дека кога се случила драмата на Инфективното одделение во Штип, директорот на Клиничката болница близок кадар на Венко Филипче - Ален Георгијев бил на смена како дежурен лекар токму на тоа одделение“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција. Обвинувањата... Читать дальше...

Влада: Нема потреба од лидерска, нашите позиции се јасни

SlobodnaEvropa.mk 

Владата има јасна определба, дава шанса на процесот и работи на тоа да дојде до усогласување на ставовите според јасно утврдени македонски национални позиции и согласно стратешките евроинтеграциски цели на земјава, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски по официјалното бугарско вето за првата меѓувладина конференција. „Се работи заедно со нашите меѓународни сојузници. Посебно сме благодарни како Влада на зајакнатиот ангажман на германското претседателство со ЕУ. Токму во вакви моменти... Читать дальше...

ЕП: Со ветото од Бугарија во опасност е целото регионално помирување

SlobodnaEvropa.mk 

Вчерашната блокада од Бугарија за старт на преговорите со Северна Македонија, според Европскиот парламент, го попречува помирувањето во целиот регион, јави МИА од Брисел. Илхан Ќучук, известувачот за Македонија, и Андреас Шнајдер, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за Северна Македонија, во заедничко соопштение побараа да се донесе одлука за почеток на преговорите без дополнително одлагање. „Неуспехот на министрите за европски прашања да ја одобрат преговарачката рамка за Македонија... Читать дальше...

Запрена постапката за помилувањата од екс претседателот Иванов

SlobodnaEvropa.mk 

Уставните судии денеска, со пет гласа „за“ и три „против“ донесоа одлука да се запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Уставниот суд ја запре постапката за оценување... Читать дальше...

Захариева: Скопје поддржува историски, малцински и јазични претензии

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, денеска во бугарското Собрание изјави дека „додека Бугарија не добие правни гаранции – и од Скопје и во контекст на процесот на преговори со ЕУ, дека ќе дојде до промена на сегашната политика, Софија не може да се согласи на одржување на првата меѓувладина конференција и на старт на преговорите за членство со Северна Македонија“. Бугарија вчера во Брисел стави вето на преговарачката рамка и на првата меѓувладина седница на Европската... Читать дальше...

Шакир Фетаху избран за поглавар на ИВЗ

SlobodnaEvropa.mk 

Со 18 гласа „за“ и три „против“, Шаќир Фетаху, е избран за поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), откако беше разрешен претходниот поглавар Сулејман Реџепи. Новоизбраниот поглавар рече дека денска победило „човечкото“. „Денес е одличен ден за сите муслимани во Република Северна Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух“, рече Фетаху по изборот.

Свикан Советот за безбедност заради ситуацијата со Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски за утре со почеток во 12 часот во „Вила Водно“ свика седница на Советот за безбедност за актуелната ситуација со Ковид-19 пандемијата во Македонија. Според соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, на седницата, покрај редовните членови на Советот, а на покана на претседателот, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче. Филипче и директорите на клиниките бараат места за ковид пациенти „На десеттата седница на Советот за безбедност... Читать дальше...


Музыкальные новости
Эдвард Григ

«В путешествие с Григом»: в Свердловской филармонии стартовала вузовская неделя музыки





Персональные новости
Чемпионат

Легендарный вратарь Мануэль Нойер стал амбассадором Hisense на Чемпионате Европы по футболу – УЕФА ЕВРО 2024™





Што по ветото од Бугарија, лидерска или парламентарна дебата?

SlobodnaEvropa.mk 

Опозицијата смета дека по бугарското вето е неопходна лидерска средба за да се прецизираат македонските позиции, а власта пак дека нема потреба од такво нешто. Марко Трошановски од Институтот за демократија, смета дека подобра опција е декларација во Собранието, но предупредува на внимателност.

Медицински здруженија од САД бараат Трамп да му ги каже на Бајден критичните корона-податоци

SlobodnaEvropa.mk 

Шефовите на три американски медицински здруженија го повикаа претседателот Доналд Трамп да ги сподели критичните податоци за КОВИД-19 со тимот на новоизбраниот претседател Џо Бајден за да се избегне какво било заостанување во справувањето со неконтролираното ширење на коронавирусот во земјата. Писмото, потпишано од раководителите на Американската медицинска асоцијација, Американското здружение на медицински сестри и Здружението на американски болници, му беше доставено на Трамп на 17 ноември, бидејќи... Читать дальше...

Платите во Скопје за 150 евра повисоки од внатрешноста

SlobodnaEvropa.mk 

Луѓето во Скопскиот регион имаат за околу 150 евра повисока просечна плата од оние во Североисточниот регион. БДП-то по глава на жители е за речиси 5000 евра повисоко во Скопскиот во споредба со Полошкиот. Во Североисточниот има најголема невработеност и најмногу приматели на социјална помош.

Филипче и директорите на клиниките бараат места за ковид пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче утринава се сретнал со директорите на Интерните клиники, при што била разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите, соопшти Министерството за здравство. Според соопштението, во моментов на интерните клиники има околу 20-тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Читать дальше...

РКЕ: Парно греење мора да има и кога надвор е 16 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги одобри измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина со кои се предвидува зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите. „Со измените кои ги одобривме практично се задолжува БЕГ во услови кога надворешната температура преку ден стигнува до 16 степени целзиусови да има испорака на топлинска енергија во домовите. Ги повикувам компаниите за зголемена општествена одговорност во состојба на пандемија. Читать дальше...

Карантинот ја зауздува пандемијата во Европа, САД во расчекор

SlobodnaEvropa.mk 

Во Европа, неколку неделните ограничувања почнуваат да го намалуваат темпото на ширење во некои земји, иако дневните стапки на инфекции и смртност остануваат големи, а болниците полни. Во САД пак, пандемијата се најде во фокусот на транзицијата меѓу тимовите на Доналд Трамп и Џо Бајден.

Спорт в России и мире
Москва

Генерал-полковник Алексей Воробьев высоко оценил подготовку кинологов Росгвардии к предстоящим соревнованиям по профессиональному многоборью


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

П’ять українок отримали суперниць в основі турніру WTA 1000 в Мадриді: результат жеребкування


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Мокрый фасад: как сделать отделку по технологии СФТК





Путин в России и мире
Москва

Транспортный коридор «Север-Юг» станет катализатором социального и экономического развития стран Евразии и глобального Юга


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Александр Розенбаум

«Посмотрите на этих губастых»: Розенбаум разгромил любителей пластики



Москва

Токсиколог Кутушов рассказал почему возникает похмелье

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net