123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Новости за 08.11.2020

Регистрирани 978 нови случаи на ковид 19 и рекорден број починати -26 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања на ковид-19, при што се регистрирани 978 нови случаи. Во исто време, Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, додека починале 26 лица инфицирани со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 392 новозаразени, Тетово-95, Куманово-51, Гостивар-49, Велес-48, Битола-36, Кочани-32, Охрид-31, Прилеп-29, Кавадарци-22, Струмица-21, Кичево-20, Штип-18, Гевгелија и Неготино по14, Виница и Делчево по 12, Струга-10, Берово-9... Читать дальше...

Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија, Србија и Албанија утре ќе потпишат Меморандум за разбирање и соработка во борбата против ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој утре со премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција на Малиот Шенген. Покрај Вучиќ, на состанокот ќе учествуваат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар. „По овој повод... Читать дальше...

Десетици приведени на опозициските протести во Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата привела десетици антивладини демонстранти кои се собраа 13-та недела по ред на протести на кои побараа оставка од Александар Лукашенко и нови избори. Протестите се одвиваат постојано од претседателските избори на 9 август. Организацијата за човекови права „Вјасна“ објави список од 328 луѓе, кои според нив, денеска биле уапсени. Апсењата се случиле во Минск, Гомељ, Витебск, Жлобин и други градови. Организацијата соопшти дека дел од уапсените подоцна биле ослободени. Полицијата во Минск... Читать дальше...



Телефонски разговор Заев - Борисов за наоѓање решенија за отворените прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерите на Македонија и Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во телефонски разговор изразиле меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции, информираат од Владата. Каракачанов - Скопје не е подготвено да почне преговори за членство со ЕУ Во телефонскиот разговор, премиерите Заев и Борисов, како што се вели во владиното соопштение... Читать дальше...

Вучиќ му ја честиташе победата на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска упати „искрени честитки“ до Џо Бајден за изборот за претседател на САД. „Ви посакувам мудрост и одлучност да се соочите со постојните предизвици за благосостојбата на Америка и на светот. Се надевам на продолжување на добрата соработка со Вас, каква што имавме и со Доналд Трамп, на што сме му многу благодарни“, напиша Вучиќ на Твитер. Според проекциите на водечките американски медиуми, Џо Бајден на претседателските избори го победи актуелниот претседател Доналд Трамп. Читать дальше...

Азербејџан објави дека зазел стратешки град во Нагорно-Карабах, Ерменија негира

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска објавија дека азербејџанските сили ја презеле контролата врз клучниот стратешки град Шуша во Нагорно-Карабах, каде повеќе од еден месец се водат борби против Ерменците. Ерменија негираше, наведувајќи дека борбите околу градот Шуша продолжуваат. Во телевизиското обраќање до нацијата, претседателот Алиев рече дека „Шуша е наша, Карабах е наш“. Шуша е воено важна затоа што се наоѓа на височина, на околу 10 километри јужно од главниот град Степанакерт... Читать дальше...

Октај - Турција ќе продолжи да соработува со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе продолжи да соработува со новата американска администрација за прашањата што се однесуваат на сојузништвото во НАТО, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај. Тоа прв коментар од официјална Анкара по победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД. Октај наведе дека пријателството помеѓу претседателите Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп помогнало да се решат некои прашања, како и дека „комуникацијата помеѓу Анкара и Вашингтон (по победата на Бајден) ќе биде како и досега“. Читать дальше...

Потрага по настраданите во свлечиштето во Гватемала

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите во Гватемала копаат низ калта и урнатините во потрага по околу 100 луѓе за кои се верува дека се затрупани во огромното лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови кои ги донесе тропската бура Ета, која вчера продолжи да се засилува движејќи се кон Куба и јужната американска сојузна држава Флорида. Се очекува бурата да стигне до брегот на САД подоцна денеска или утре. Предупредување за тропска бура се издадени за централна Куба и за јужна Флорида. Гувернерот на Флорида... Читать дальше...



Продолжуваат антивладините протести во Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Минск и денеска се собраа антивладини демонстранти. Во земјата 13 недели по ред има протести на кои се бара оставка на Александар Лукашенко и нови избори. Луѓе протестираат од 9 август, кога се одржаа претседателските избори во земјата, за кои опозицијата и нејзините поддржувачи сметаат дека се наместени. Денешниот протест се одржува под мотото „Маршот на демократијата“. Учесниците вејат црвено-бели знамиња и носат чадори кои станаа симбол на опозицијата. Во центарот на Минск има многу полиција... Читать дальше...

За неносење маска 283 санкции

SlobodnaEvropa.mk 

Регистрирани се 283 прекршоци за неносење маска во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Носењето маска е задолжително и на отворено и во затворен простор.

Бајден побара единство на нацијата во победничкиот говор

SlobodnaEvropa.mk 

Враќање на душата на нацијата ќе биде една од главните цели на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Ова е време за заздравување на Америка, порача тој. Бајден вети дека прва работа со која ќе се зафати е справувањето со епидемијата на коронавирусот.

Молк од Русија за победата на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузниците на Америка брзо го поздравија изборот на Џо Бајден за следен претседател на САД, но од Русија засега нема ништо. Тишината од Кремљ кон Бајден не треба да изненадува, оти се очекува тој да заземе поостар став кон Русија во споредба со претседателот Доналд Трамп, особено во делот за човековите права и надворешната политика Новоизбраниот претседател на САД повеќепати го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за ,како што вели, „малигни активности“, вклучително и инвазија на нејзините соседи и мешање во странски избори... Читать дальше...

Пет кандидати за градоначалник на Штип

SlobodnaEvropa.mk 

Поднесени се пет кандидатири за избор на градоначалник на Општина Штип до Општинската изборна комисија. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА вели дека до полноќ, кога и официјално истече рокот доставени се вкупно пет кандидатури. Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ... Читать дальше...

Временска прогноза - сончево со мала облачност, магла во котлините

SlobodnaEvropa.mk 

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалуваат. Во останатите подрачја времето ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, претпладне со појава на ниска облачност и услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Читать дальше...

Гаши - Со онлајн седници го прикриваат кревкото мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца-тројца пратеници од мнозинството не доаѓаат никогаш, некои се болни, некои заразени, така што тие сакаат тоа да го прикријат со онлајн седници, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Зборува и за Договорот со Бугарија и ЕУ-интеграцијата.

Гаши - Владата да каже зошто ги наруши односите со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Владата не се снаоѓа добро со менаџирањето на корона-кризата, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Тој вели дека засега како опозиција немаат потесна соработка со ВМРО-ДПМНЕ, a за забелешките на Софија вели дека Владата треба да каже каде и зошто не го почитувала Договорот за доброседство.

Спорт в России и мире
Москва

Прием заявок на участие в конкурсе на лучшее путешествие по Дальнему Востоку начнется в мае


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Россиянка Хромачёва вышла в финал турнира WTA в Руане в парном разряде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Прием заявок на участие в конкурсе на лучшее путешествие по Дальнему Востоку начнется в мае





Путин в России и мире
Москва

На окружном полуфинале конкурса «Это у нас семейное» Калмыкию представляют четыре семьи


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Фрэнк Синатра

СМИ: Мартин Скорсезе планирует снять байопик о Фрэнке Синатре с Леонардо Ди Каприо в роли певца



Москва

Почему дети воюют со своими звёзными родителями

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net