123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Новости за 09.11.2020

Нови 515 инфицирани од 1293 тестови, 20 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се регистрирани 515 ново инфицирани со коронавирусот од спроведени 1293 тестови, соопшти Министерството за здравство. Најмногу нови инфицирани има во Скопје 207, а потоа следуваат Куманово и Штип со по 33, Прилеп 25, Битола 22, Кочани и Велес по 21, Кичево 18, Тетово и Струмица по 17, Кавадарци и Гостивар по 16, Неготино 12, Делчево 11 и Берово 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка заболени. Во истиот период починале 20 луѓе, меѓу кои 38 годишен прилепчанец и 36 годишен тетовец... Читать дальше...

Влада- забрането групирање на повеќе од четворица и преку ден

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница донела одлука за забрана за собирање во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираат од владината прес служба. Во соопштението се наведува и дека било заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството... Читать дальше...

Трамп го разреши секретарот за одбрана Еспер

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп го разреши од функцијата секретар за одбрана Марк Еспер, јавува Асошиејтед Прес. Овој потег Трамп го презема додека земјата е во очекување на разврската од претседателските избори, на кои повеќе електорски гласови освои демократот Џо Бајден, но актуелниот претседател, кој му беше противкандидат, го оспорува пребројувањето на гласовите. На позицијата секретар за одбрана, како што објави Трамп на социјалните мрежи, е назначен Кристофер Милер... Читать дальше...



Руски хелихоптер урнат над Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека еден од нивните хелихоптери бил урнат над Ерменија, во близина на нејзината граница со Азербејџан. Во соопштението се наведува дека два члена на екипажот загинале, а еден е повреден. Според руската одбрана хелихоптерот Ми-24 бил погоден од земја со рачен против воздушен ракетен фрлач додека обезбедувал воздушно покривање на руски воен конвој возила. Русија е клучен сојузник и воен снабдувач на Ерменија која е во конфликт со соседниот Азербејџан... Читать дальше...

Во Грција рекорден број починати од Ковид и помалку нови заразени

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран рекорден број смртни случаи од Ковид-19, почина 41 лице, додека пак намален е бројот на новозаразени, регистрирани се 1.490 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина. И денеска е дополнително зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати, вкупно 239, односно 11 повеќе од вчера. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 58.187 случаи, а починаа вкупно 825 лица

Од среда полициски час во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 соопшти дека од среда во Албанја се враќа полицискиот час,во период од три недели. "Поаѓајќи од високиот број заразени а со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22:00 до 6:00 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, 11 ноевмри и ќе трае три недели. Од оваа одлука се изземаат само лицата кои се на работа и службите за итни потреби", рече Мира Ракацоли, претседателка... Читать дальше...

На шест пункта во Скопје брзи антигенски тестови

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“. "Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19... Читать дальше...

Украинскиот претседател Зеленски позитивен на Ковид19

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска претседателскиот кабинет. "Шефот на државата се чувствува добро и ќе продолжи да ги извршува своите обврски од самоизолација“, се наведува во соопштението. Неколку минути по оваа објава и шефот на неговиот кабинет Андриј Јемарк исто така објави дека е позитивен на коронавирусот. Претходно денеска Зеленски најави дека е можно Украина да воведе локдаун за викенди во обид да го спречи ширењето на вирусот и... Читать дальше...



Објавен нонпејпр меѓу Скопје и Софија, Бугарија го одбила

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија на средбата во Берлин минатата недела изразила подготвеност да ја прифати преговарачката рамка за Северна Македонија, како и да го поддржи одржувањето на правата Меѓувладина конференција во декември 2020 година за време на германското претседателство со Европската Унија. Ова се наведува во нон пејперот од средбата, кој на својот Фејсбук профил го објави, Кристијан Фердинанд Вершутц, дописник на ОРФ за Украина и Балканот. Минатата недела во Берлин се одржа средба на германските министри за надворешни работи и за Европа... Читать дальше...

Тачи пред Судот во Хаг се изјасни за невин

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи се изјасни за невин пред Судот за воени злосторства во Хаг. Тој се соочува со обвиненија за извршени воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната пред повеќе од 20 години за независност на Косово. Тачи беше командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на војната 1998-1999 година. Тачи си поднесе оставка на функцијата претседател на 5 ноември откако дозна дека Специјалното косовско обвинителство го потврди обвинението против него. Читать дальше...

Единаесет здравствени работници од Инфективна позитивни на ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Позитивна на ковид -19 се единаесет здравствените работници кои работат и се на испомош на Инфективната клиника, а уште дваја се во изолација. Од 11-те позитивни, седум се медицински сестри од Клиниката, двајца се доктори, а две се медицински сестри кои се на испомош, информираат за МИА од Министерството за здравство. На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош. Читать дальше...

Денеска и утре исплата на повратот од „Викенд без ДДВ“

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за јавни приходи (УЈП) започна со враќањето на целиот износ на ДДВ на граѓаните кои во текот на продолжениот „Викенд без ДДВ“ на 10, 11 и 12 Октомври ги скенираа фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ за купените македонски производи и услуги и компујутерска опрема, објави денеска на фејсбук директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Во периодот на „Викенд без ДДВ“ по овој основ беше реализиран промет од 560 милиони денари, а на граѓаните ќе им биде исплатен износ од вкупно 67 милиони денари. Читать дальше...

Без договор Скопје-Софија, нема напредок на Македонија кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи се надева дека ќе биде послушан повикот за разум за надминување на отворените прашања меѓу Скопје и Софија, а неговата бугарска колешка Екатерина Захариева нагласи дека не треба во ЕУ да бидат пренесени проблемите од надвор.

Османи очекува разумно решение, Маас оптимист, Захариева бара одговорност

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија гледа на Берлинскиот процес како алатка за зголемување на динамиката на интегративниот процес на Западен Балкан и прифаќање на европските вредности. Ние ќе ги поддржуваме земјите од регионот, но и тие треба да преземат одговорност и да се насочат кон реформи. Не треба во ЕУ да бидат пренесени проблеми од надвор, рече денеска шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, на завршниот Самит од Берлинскиот процес. Македонскиот министер за надворешни работи, кој заедно со Захариева е копредседавач на Самитот... Читать дальше...

Бомгартнер: Мојата мисија ја почнувам во суштински момент за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

По предавањето на акредитивите на македонскиот претседател Стево Пендаровски, новиот француски амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, изјави дека Париз ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија. „Мојата мисија почнува во нов суштински момент, тоа е патот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Франција ја поддржува оваа перспектива, која стана уште појасна благодарение на донесените храбри политички одлуки“, рече Бомгартнер. Според него, „новата стратегија за земјите од Западен Балкан... Читать дальше...

Ако наш граѓанин се најде со Ковид-19 во болница во Србија или Албанија таа држава ќе ги покрие трошоците

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР тестови, а доколку граѓанин поради Ковид-19 се најде во болница во овие земји, државата во која се лекува ќе го преземе трошокот за лекување. Ова е дел од Меморандумот што денеска го потпишаа премиерите на северна Македонија, Србија и на Албанија, Зоран Заев, Ана Брнабиќ и Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ, а кој предвидува и министрите за здравство и лекарите од трите земји да соработуваат... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ постави „бројчаник на Заев“ на порта Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на порта „Македонија“ во центарот на Скопје, постави транспарент со бројки, кои, според нив, ги покажуваат, како што велат, резултатите од несправувањето на власта со ковид пандемијата. По поставувањето на транспарентот, прес-конференција кај портата одржа партискиот портпарил Наум Стоилковски. „Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше. 39.760 активни случаи на Ковид, и 1136 починати, ова е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справи со пандемијата. Читать дальше...

Путин чека официјални резултати за да даде изјава за изборите во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Додека се поголем број светски лидери му честитаат на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, Кремљ вели дека ќе ги чека конечните официјални резултати, за да даде коментар за изборите. Запрашан зошто во 2016 година претседателот Владимир Путин му честиташе на републиканецот Доналд Трамп наскоро откако победи на Изборниот колеџ и ја порази демократката Хилари Клинтон, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите денедка изјави: „Можете да видите дека има одредени законски процедури што беа објавени од сегашниот претседател “. Читать дальше...

Поранешени армиски професионалци ќе ги обезбедуваат болниците

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешните професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана ќе бидат вклучени за директно обезбедување во редарската служба во болниците, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак“, пренесе МИА. „Денека разагваравме дека директното обезбедување за редарската служба најверојатно ќе го реализираме со еден дел од поранешните професионални војници кои сеуште работат во Министерството за одбрана и тие ќе бидат првата линија на поддршка. Читать дальше...


Музыкальные новости
Анастасия Волочкова

Волочкова призналась, что когда-то была бездомной: «Знаю, что такое жить без квартиры»





Персональные новости
#123ru.net

Житель Горно - Алтайска оплатил задолженность по алиментам после ареста автомобиля





За 24 часа 306 пријави за неносење заштитна маска за лице

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи претпладнево соопшти дека на територијата на Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци во текот на изминатото деноноќие . Министерството во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Носењето лична заштита за лице е задолжително и на отворено, а здравствените власти апелираат за правилно носење на маските, односно носење и врз устата и врз носот.

Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?

SlobodnaEvropa.mk 

Ве интересира во кој правец би можело да оди надворешната политика на администрацијата на Бајден? Обидете се да погледнете четири години наназад, кога последен пат Бајден работеше во Белата куќа како потпретседател.

Руски војник убил три лица во воена база

SlobodnaEvropa.mk 

Руската армија соопшти дека еден нејзин војник убил три лица во воена воздушна база на западот на земјата. Инцидентот се случил во регионот Воронеж, денеска рано наутро, се вели во соопштението на прес-службата на Западниот воен округ. "Еден дежурен војник нападнал офицери кои пристигнале да ја проверат дежурната смена, зел пиштол од службениците и избегал од местото. Трите лица се здобиле со смртоносни повреди како резултат на нападот", се вели во соопштението и се додава дека „командантите на воената единица... Читать дальше...

Бугарските условувања со повеќе коментари од информациите за ковид

SlobodnaEvropa.mk 

„Не се нервирајте, ќе се отворат границите и пак сите во Банско, ама тогаш не е битно“, коментира читател на РСЕ, по полемиките за телефонскиот разговор меѓу Заев и Борисов. Читателите разменуваат неверојатно навредливи постови, мешаат народи, истории и така натаму.

Грчката копнена граница останува затворена до 30 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји и одлуката за ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, грчката Влада ги продолжи до 30 ноември, јави МИА од Атина. Едната одлука, се однесува на привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на... Читать дальше...

Почнува реализацијата на 4. пакет економски анти-корона мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска, како што најави премиерот Зоран Заев, почнува реализацијата на четвртиот пакет мерки, наменет за поддршка на граѓаните и стопанствениците поради кризата предизвикана од ковид пандемијата. Мерките ќе создржат даночни ослободувања и намалување на средствата за трошење на компаниите како што се, намалувањето на ДДВ од 18 на 5% за занаетчиите. Тука се и намалувањето на стапката на ДДВ за услугите кои ги нудат рестораните, плаќање ДДВ пет дена откако ќе се поднесе пријавата, одложеното плаќање на аконтации за данок на добивка... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудники Росгвардии приняли участие в чемпионате Центрального округа по боксу.


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Сафиуллин не смог выйти во второй круг турнира ATP в Барселоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Самое опасное" начнётся в пятницу: Синоптик предупредил об аномальной погоде в России





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о догазификации СНТ  


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Оркестр

Оркестр территориального управления Росгвардии приступил к репетициям парада победы в Челябинске



Москва

В районе Котловка построят школу по программе КРТ

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net