123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Новости за 29.11.2020

Нови 820 инфицирани со ковид, 32 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19. Oд нив најмногу во Скопје-279, а двоцифрени бројки заразени има и во Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, , Кочани-15, Пробиштип-10, Берово-14, Валандово-11, Делчево-15, Свети Николе-15, Кичево-11 и Неготино-21. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти. Читать дальше...

Во ковид центрите се лекуваат вкупно 1282 пациенти, слободни кревети има

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни... Читать дальше...



Во Србија рекордни 65 смртни случаи од Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 6.179 нови случаи на заразени со коронавирус од вкупно 15.508 тестирани, а во истиот период од Ковид -19 умреле 65 лица. Во моментов, во болницте се сместени 7.256 пациенти, а 252 од нив се на апарати за дишење. До денеска во земјата се регистрирани вкупно 169.214 случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата умреле вкупно 1.549 лица, соопштено е на владината веб-страницата covid19.rs.

Заев- македонската иднина е европска, продолжуваме да бараме решенија

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Зоран Заев на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук денеска најави дека продолжуваат да се бараат решенија со Бугарија за разликите меѓу двете земји. „Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот. Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре. Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Читать дальше...

Директор на музеј во Унгарија го нарече Сорос либерален фирер, предзивика остри критики

SlobodnaEvropa.mk 

Првиот човек на унгарскиот литературен музеј Петофи со седиште во Будимпешта Сзилард Деметер предизвика силни критики поради неговиот текст во кој го поврзува американскиот милијардер, филантропот Џорџ Сорос со нацистичкиот геноциден режим на Адолф Хитлер. „Сорос е либерален фирер кој ја претвори Европа во гасна комора“, напиша Деметер во коментар за интернет порталот origo.hu кој е близок до унгарската влада. Американскиот еврејски комититет во Централна Европа го осуди коментарот и го нарече ужасен. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ- Заев за лична корист ја продава Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на прес конференцијата на портпаролот и пратеник од СДСМ Костадин Костадинов. „Нека го праша Заев каква тајна соработка има и колку чини идентитетот кој го распродава. И ќе го потсетиме дека Костадинов преставува партија, чиј лидер има приватни бизниси во Бугарија. Заев за лична корист ја продава Македонија“, наведуваат од опозициската партија. СДСМ го прашува Мицкоски со кој соработува во Бугарија Костадинов денеска на прес конференција побара од претседателот... Читать дальше...

СДСМ го прашува Мицкоски со кој соработува во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на СДСМ и пратеник од таа партија Костадин Костадинов денеска на прес конференција побара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да кажел со кои структури во Република Бугарија интензивно соработува во овој период.  Вчера на протестот со автомобили на ВМРО-ДПМНЕ кој заврши пред зградата на Владата, Мицкоски обраќајќи се пред насобраните повика на внимателност, оти како што рече, имал информации дека викендов во Софија „се распарчува Македонија и се преговара за иднината на нашиот идентитет“. Читать дальше...



Шекеринска- пораките до Софија и Скопје се да се стави крај на недовербата

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска истакна дека пораките коишто доаѓаат од странските држави покажуваат дека од Република Северна Македонија и од Бугарија се очекува да стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото, туку политика којашто ќе обезбеди европски вредности сега и денес. „Она што е јасно денеска е дека пораките коишто доаѓаат од сите главни градови, од сите држави коишто му посакуваат добро на Балканот, Германија и САД. Читать дальше...

Руската полиција казни повеќе од милион луѓе поради прекршување на корона мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Руската полиција казнила 1,1 милион луѓе за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од почетокот на пандемијата досега, соопшти руското министерство за внатрешни работи. Од таму прецизираа дека казнетите ги прекршиле протоколите поврзани со карантинот или самоизолацијата. Просечната казна која што ја платиле е 1000 рубљи, или околу 13 американски долари. Русија е четврта земја во свет со најмногу потврдени случаи на инфицирани со коронавирус, 2,2 милиони и околу 39 000 смртни случаи поврзани со вирусот. Читать дальше...

Министерството за здравство апелира до граѓаните да бидат внимателни на славите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство денеска апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита. Од таму потсетуваат на вчерашната изјави на министерот Венко Филипче даде при посетата на Прилеп, кога предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не дозволиме повторно тоа да се случи. Инаку со измените на Законот за заштита на населението од... Читать дальше...

Рикер со охрабрување до Скопје и ЕУ да се бара решение за билатералните прашања надвор од интеграцијата во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, во писмо до македонскиот премиер Зоран Заев, како што соопшти владината прес служба, истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја. Читать дальше...

Борисов за ФАЦ- компромисот е возможен, но треба да се познава историјата

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за германскиот весник Франфуртер Алгемајне Цајтунг на прашањето поврзано, со како што прашува новинарот, можноста Софија да наложи вето поради спор поврзан со историскиот идентитет на Македонците, одговара дека единствената држава која би сакала почнување на преговори со соседот, дури и повеќе од Германија е Бугарија. Преводот на интервјуто од германски на бугарски јазик го објави самиот Борисов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Заев-... Читать дальше...

Продолжува изградбата на Северен поток 2, стопирана поради санкциите од САД

SlobodnaEvropa.mk 

Изградбата на гасоводот Северен поток 2 кој оди под Балтичкото море од Русија до Германија ќе продолжи на петти декември по едногодишна пауза поради американските санкции, соопшти компанијата Северен поток 2. Лани во декември изградбата беше стопирана по санкциите на Соединетите Американски Држави за проектот кој треба да обезбедува двојно повеќе гас од Русија за Германија. Санкциите беа насочени кон странците кои се поврзани со бродови кои поставуваат делови од гасоводот и ја принудија компанијата... Читать дальше...

Повеќе од 20 луѓе загинаа во напад со автомобил бомба во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 26 припадници на безбедносните сили загинаа во самоубиствен бомбашки напад со автомобил бомба во воена база во источната авганистанска провинција Гази, а најмалку 17 се повредени. Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи го потврди нападот, не не прецизираше информации за штетите. Во провинцијата Гази во последниве месеци често има пресметки меѓу авганистанските безбедносни сили и талибанските милитанти.

Амбасадорот на Србија прогласен за персона нон грата во Црна Гора, Белград одговори реципрочно

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Србија синоќа по прогласувањето на српскиот амбасадор Владимир Божовиќ во Црна Гора за „персона нон грата“ возврати со реципрочна мерка. Во дипломатската нота испратена од српското до црногорското Министерство за надворешни работи се наведува дека амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен за непожелна личност во земјата. Амбасадорот Милошевиќ е должен во следните 72 часа да ја напушти територијата на Репблика Србија, се наведува во нотата. Читать дальше...

Шахпаска - Бројот на невработени го кренаа и нашинците кои се вратија од странство

SlobodnaEvropa.mk 

Голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, за да имаат пристап до финансиска поддршка од државата, вели министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска за РСЕ.

Времето денеска- облачно со дожд попладне

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно облачно, на истокот со сончеви периоди. Изутринава во одредени делови услови за појава на магла, а од пладневните часови ќе има повремен дожд кој се прошири од западните кон централните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта снег ќе провејува на повисоките места во северните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од минус пет до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со појава на повремен дожд. Читать дальше...

Заштита на работничките права е наш приоритет

SlobodnaEvropa.mk 

Мерките за справување со последиците од корона пандемијата се точно насочени кон зачувување на секое работно место, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа уверува и дека парите кои се земаат како државна помош се доволни за да се лекуваат соодветно од ковид19.

Спорт в России и мире
Москва

Федерация бокса России на ВДНХ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина отреагировала на высказывания Винер о россиянах


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Выпуск ЦФА на платформе «Атомайз» поможет снизить нагрузку на экологию





Путин в России и мире
Москва

Путин уточнил у Беглова причины снижения популярности Петербурга у туристов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Диана Арбенина

Певица Диана Арбенина призналась, что улетела из России ради матери



Москва

Марина Девятова: Народная песня затрагивает особые струны души

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net