Се воведува кризна состојба - државата ќе управува и со приватните болници
Состојбата во земјата со Ковид-19 е исклучително сериозна, оцени по состанокот на Советот за безбедност претседателот Стево Пендаровски. Тој рече дека по исцрпната дискусија предлагаат прогласување на кризна состојба на ниво на цела држава. Одлуката треба да ја донесе Владата.