Руски пратеник предлага закони за ограничување на протести
Руски пратеник од владејачката партија Единствена Русија предложи два закона, со кои дополнително ќе се ограничи правото на собири на граѓаните.
Предлог-законите предолжени на 17 ноември во долната комора на Парламентот, Државната Дума, од страна на Дмитриј Вјаткин, предвидуваат да се забрани финансирањето на митинзи од странски извори и ќе воведат ограничувања за новинари кои оизвестуваат од такви собири.
Законите исто така ќе забранат јавни настани и митинзи во близина на згради каде работат служби за итни случаи, како што е полицијата и други безбедносни служби.
Промената на законите предизвика критики од опозициските пратеници.
Олег Шејн од партијата Праведна Русија за весникот „Комерскант“ изјави дека со предлагањето на вакви закони, владејачката партија Единствена Русија се става себеси во положба изолирана од барањата на општеството.