ВМРО-ДПМНЕ и натаму против онлајн работа на Собранието
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов на прес-конференција изјави дека ставот на партијата за онлајн вклучување во работата на Собранието на пратеници заболени од Ковид-19 и во самоизолација е непроменет.
„Досега до нас како пратеници нема стигнато никаква иницијатива, ниту предлог за онлајн работа на Собранието. Нашиот став по однос на ова е веќе познат во јавноста, а тоа е дека ова работење е неуставно според членот 69 од Уставот на Република Македонија“, рече Јорданов.
Тој посочи дека членот од Уставот јасно прецизира дека Собранието може да работи, да заседава и да одлучува со присуство на мнозинство пратеници од вкупниот број на пратеници.
Пратениците со ковид или во изолација ќе работат онлајн
Собранискиот спикер Талат Џафери претходно соопшти дека со дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието ќе им се овозможи онлајн работа само на пратениците со позитивен тест за Ковид-19 или со решение за изолација.