753 болни се лекуваат на инфективните одделенија
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото денонокие во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 141 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид -19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 753.
Во болниците во внатрешноста има 130 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, наведуваат од министерството.
Филипче: Се разгледуваат можности за нови ковид центри
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во државава е 1.212.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.