ЕУ се закани со нови санкции кон Белорусија
Европската Унија повторно го осуди насилното задушување на протестите во Белорусија по спорните претседателски избори во август и се закани со нови санкции за земјата по смртта на 31 годишен белоруски државјанин за кого дел од светските медиуми објавија дека наводно бил претепан до смрт од маскирани белоруски безбедносни сили.
Илјадници демонстранти денеска излегоа на протести во главниот град Минск и положија цвеќе на местото каде што бил уапсен Раман Бандаренка пред да почине. Сведоци за дел од медиумите изјавиле дека на 11 ноември виделе како демонстрантот бил киднапиран од двајца мажи во цивилна облека кои дошле да ги отстранат црвено-белите ленти кои се знак на опозициското протесно движење против Александар Лукашенко. Белуруската полиција,пак, во јавноста соопшти дека тој ден имало жестока расправија меѓу Бандаренка со двајца „непознати лица“ по што дошло до тепачка, и кога пристигнала полицијата и Брзата помош, демонстрантот им подлегнал на повредите.
„Ова е нечуен и срамен резултат од постапките на белоруските власти кои не само што директно и насилно извршија репресија врз сопственото население, туку и создадоа средна во која може да се случуваат вакви безааконити и насилни акти, со што се игнорираат не само основните права и слободи на белорускиот народ, туку и покажуваат непочитување на нивниот живот. Европската Унија сприведе 55 санкции кои се однесуваат на лица одговорни за насилна репресија и заплашување, но е подготвена да воведе и дополнителни санкции, изјави портпаролот на ЕУ, Питер Стано.
Стано изрази и сочуство до семејството на Бандаренка.