Во Грција нови 3 илјади заразени со ковид-19
Во изминатoто деноноќие во Грција повторно се регистрирани над 3 илјади нови случаи на заразени со Ковид-19, а починаа 38 пациенти. Зголемен е и бројот на пациенти кои се приклучени на респираторни машини, со што вкупниот број изнесува 336. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 69.675 случаи на Ковид-19, а починаа 997 лица.
Надлежната комисија на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција попладневно одржува состанок на кој треба да се донесе препорака во однос на работата на основните училишта и градинките.
Од минатата сабота Грција е во целосен карантин, а од вечерва стапува на сила полицискиот час, односно забрана за движење на граѓаните од 21 часот до 5 часот наутро.