Бајден ја освои Аризона, објавија американските медиуми
Аризона му донесе предност на Бајден од 290-217 пред претседателот Доналд Трамп во Изборниот колеџ, кој на крајот одлучува за претседателската функција, а потребни се 270 електорални колеџ гласови за освојување на Белата куќа.
Фокс Њуз и Асошиејтед Прес објавија дека „трката“ во Аризона била во корист на Бајден на Изборната ноќ, предизвикувајќи бројни критики од Трамп. Од 12 ноември, Бајден водеше во Аризона со разлика од претседателот Трамп од 49,4 до 49,1 процент.
