Славје на скопските улици за историскиот пласман на Македонија
Низ скопските улици, колони возила и луѓе со знамиња вечерва го прославуваат историскиот пласман на Македонија на Европското фудбалско првенство, откако македонските репрезентативци ја совладаа Грузија со 1:0. Најмасовсно е во најстрогиот центар на Скопје, а дел од медиумите јавуваат и за прослави и во други градови во државата.
„Победа за историја“, „Денес е Пандев ден“ се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи и на бројните граѓани кои вечерва ја слават победата на репрезентацијата.
Министерот за здравство, Венко Филипче, честитајќи го големиот успех на Македонија, на Фејсбук напиша дека ова е ден за големо славје, но апелираше да се почитуваат и анти-корона мерките.
Вечерва со голот во 56-ата минута на капитенот и најдобриот македонски стрелец Горан Пандев, Македонија ја совлада Грузија во третиот меч во последните два месеца. Македонија ќе го има европското деби на 12 јуни во Ромаанија, за кога е планиран натпреварот со Австрија.