17,2 милиони евра за 400 компании како помош во ковид-кризата
Четиристотини компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка, соопшти денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со министерот за економија, Крешник Бектеши, во Владата.
„Целта е модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста и можностите за извоз што ќе придонесе со отворање на нови работни места и задржување на постојните. Секоја инвестициска
активност е од значајност за земјата и опорувањето на економијата. Им симнувам капа на сите домашни претприемачи кои и во услови на ковид
стартуваа свои проекти и сакаат дополнително да инвестираат. Еве вашата
земја е тука да помогне“, рече Заев.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека домашните компании сега се третираат еднакво како и странските, и тие добиваат поддршка од државата.
„Имавме над 700 апликации, од кои комисијата ги одобри 400 компании. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра“, рече Бектеши.