Зеленски позитивен на Ковид-19, ќе работи од болница
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и шефот на неговата канцеларија се хоспитализирани откако се заразија со коронавирус на почетокот на оваа недела.
„Зеленски и шефот на претседателската канцеларија, Андриј Јермак, се лекуваат во клиничката болница Феофанија во Киев. Таму е опремена специјална канцеларија за да му се овозможи на претседателот да одржува конференции. Тој денес одржа голем број конференциски повици“, изјави советникот на Јермак, Михајло Подолјак, во интервјуто за Интернет весникот „Украинаска правда“.
Украинските здравствени власти денеска соопштија дека земјата регистрирала рекорд од 11.057 нови случаи на коронавирус во текот на последните 24 часа и нови 198 смртни случаи. До сега во Украина има 500.865 потврдени случаи на корона заразени и 9.145 смртни случаи.