Во Белград утрово немало место во болница за пациенти со ковид-19
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, предупреди дека утрово во Белград немало слободно место во болници за пациенти со ковид-19 и посочи дека е крајно време „да бидеме обединети и да се откажеме од непотребни контакти во одреден иден период“.
Македонија, Србија и Албанија заедно против ковид-19
На седницата на Собранието на која се дискутираше за измените и дополнувањата на Законот за заразни болести, Лончар изјави дека вчера биле отпуштени 250 ковид пациенти, но дека 600 морале да бидат примени во болница во изминатите 15 часови.
Пратениците на Собранието на Србија итно расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Тие измени предвидуваат дека комуналната полиција и градските комунални инспектори да можат да изрекуваат казни на лице место за неносење маска или непочитување на физичката оддалеченост на отворено или во затворен простор. За измените на законот треба да се гласа вечерва во 19 часот, најави претседателот на Собранието.