Општина Струмица даде еден милион денари од парите за новогодишно украсување за помош на болницата
Советот на Општина Струмица на денешната седница, по предлог на градоначалникот Коста Јаневски, донесе одлука да ѝ даде еден милион денари на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица за помош против пандемијата од КОВИД-19.
Нови 1321 заразени, 26 починале во изминатото деноноќие
Средствата се од ставката за новогодишно украсување на градот, а Советот едногласно го прифати предлогот на градоначалникот.
На денешната седница Советот за нов командир на Полициската станица од општа надлежност го избра Тони Божиков.
Советниците донесоа одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња, а разгледа и усвоија повеќе извештаи и програма за работа на институции кои се под надлежност на локалната самоуправа.