Се урна авион полн со кокаин во Гватемала
Еден авион вчера се урнал со тон и пол кокаин во џунгла во Гватемала, во близина на границата со Мексико и Белизе, соопштија денеска тамошните власти.
Остатоците од авионот се пронајдени 600 километри северно од главниот град.
Во авионот, чиј дел се запалил, биле пронајдени 1539 килограми кокаин во вредност од над 20 милиони долари. Засега не се знае ништо за судбината на пилотот и дали во авионот имало и други луѓе.
Во понеделникот исто така се урна авион со 1028 килограми кокаин во вредност од околу 14 милиони долари. Тој авион падна во близина на границата со Мексико. Во таа несреќа настрада еден човек, а двајца беа повредени. Тие беа уапсени за шверц со дрога.
Полицијата во Гватемала наведе дека од почетокот на годинава локализирала околу 30 авиони со дрога.