Нови 1295 случаи на коронавирус во земјава, 26 починати
Во изминатите 24 часа се регистрирани 1295 нови случаи на коронавирус во земјава. Биле направени 3315 тестирања. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 539, Прилеп 92, Тетово 83, Гостивар 72, Куманово 55, Битола 50, Велес и Кичево по 40, Штип 36, Струга 35, Кавадарци 34, Кочани 32, Охрид 26, Гевгелија 24, Струмица 23, Неготино 18, Демир Хисар 16, Свети Николе и Ресен по 13, Берово 11, Крива Паланка и Пробиштип по 7, Кратово 6, Делчево 5, Радовиш, Дебар и Крушево по 3 и во Пехчево два нови случаи.
Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.