Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Објавен нонпејпр меѓу Скопје и Софија, Бугарија го одбила

0
Објавен нонпејпр меѓу Скопје и Софија, Бугарија го одбила

Бугарија на средбата во Берлин минатата недела изразила подготвеност да ја прифати преговарачката рамка за Северна Македонија, како и да го поддржи одржувањето на правата Меѓувладина конференција во декември 2020 година за време на германското претседателство со Европската Унија. Ова се наведува во нон пејперот од средбата, кој на својот Фејсбук профил го објави, Кристијан Фердинанд Вершутц, дописник на ОРФ за Украина и Балканот.

Минатата недела во Берлин се одржа средба на германските министри за надворешни работи и за Европа, Хајко Маас и Михаел Рот со македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Нон пејперот содржи девет потточки во кои е наведено она што е договорено на оваа средба, по која следуваа телефонски разговори на германската канцеларка Ангела Меркел со премирот Зоран Заев и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, но и на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер со неговите колеги од Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.

"Бугарија, Северна Македонија и Германија ги потенцираа заедничките заложби за европската перспектива на Западен Балкан и за кредибилна ЕУ политика на проширување, како и за зајакнување на регионалната соработка, која е круцијална за стабилноста на регионот. Во овој дух, Бугарија потврдува својата подготвеност да се согласи на преговарачката рамка ЕУ-МКД и за одржување на првата Меѓувладина конференција во декември 2020 година, во текот на германското претседателство со Советот на Европската Унија“, се наведува во нонпејперот.

Без договор Скопје-Софија, нема напредок на Македонија кон ЕУ

Во врска со првата Меѓувладина конференција, Северна Македонија официјално ќе декларира пред земјите членки на Европската Унија и институциите дека кусото име на државата, Северна Македонија, се однесува единствено на политичкиот ентитет „Република Северна Македонија“.

Бугарија, како што се наведува во нон пејперот, го задржува правото преку унилатерална изјава во прилог на преговарачката рамка, да изјави дека кога ќе упатува на македонскиот јазик тоа подразбира македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија. Германското претседателството ќе побара од Советот да го земе предвид ставот на Бугарија дека кога ќе упатува на македонскиот јазик тоа ќе се смета дека е согласно Уставот на Република Северна Македонија. Северна Македонија, пак, се додава во документот, е подготвена официјално да изјави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година.

„Бугарија и Македонија ја потврдија својата заложба за интензивирање на блиската билатерална соработка заснована на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со специјален фокус на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која ќе биде интензивирана и ќе стане потранспаретна, вклучувајќи и објавување на резултатите кои ги постигнала“, се вели во документот и се додава дека Германија ја изразила својата поддршка за работата на Комисијата, со размена на најдобрите практики и методологии.

Во Берлин било договорено и дека Бугарија и Северна Македонија официјално ќе го реафирмираат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и прашањата поврзани со малцинствата, и ќе ја потврдат својата посветеност кон преземање на ефикасни мерки за спречување на негативна пропаганда од страна на институциите и телата, како и да се обесхрабрат активностите на приватни субјекти со цел поттикнување на насилство, омраза и други слични активности што може да ги нарушат нивните односи.

„Бугарија, Северна Македонија и Германија го потенцирале значењето на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната поврзаност од Драч, преку Скопје, Софија до Варна. Тие ќе дадат приоритет на Коридорот 8 во рамките на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан на Европската Комисија“, се наведува во документот.

Инаку, минатата недела македонскиот претседател Стево Пендаровски во телевизиско гостување рече дека на состанокот во Берлин на македонските и бугарските политичари со посредство на германските, рече дека во Берлин бил постигнат компромис кој како што кажа подоцна е одбиен од бугарскиот претседател Румен Радев и од нивниот премиер Бојко Борисов.






Загрузка...


Губернаторы России
Москва

Собянин рассказал о перспективах Москвы как туристического центра


Спорт в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о чемпионате по профмастерству в авиастроении


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев о победе над Алькарасом на турнире в Мадриде: мне очень помогла подача


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Доверяй, но проверяй: в Калачеевском районе власти экологическую проблему решили исключительно на бумаге





Путин в России и мире
Москва

Участников СВО обучат для работы в органах власти


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

В Минске одобрен проект соглашения о системе таможенного транзита ЕАЭС




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

Сразу прыгнула голой в кровать: Волочкова уединилась с тайным спутником на Мальдивах



Москва

В Подмосковье задержали ударившего девятилетнюю школьницу по голове мужчину

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net