ВМРО-ДПМНЕ: Буџетската дупка ќе биде милијарда евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека со СДСМ јавниот долг го надминал нивото од 5 милијарди евра, а економијата не генерира раст.
„Со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати. Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Корона вирусот ги испразни и локалните каси
Од партијата обвинуваат и дека со социјалдемократите „за Македонија нема развој“.
„Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години. Со СДСМ Македонија тоне“, стои во соопштнието на ВМРО-ДПМНЕ.