123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

Новости за 27.07.2020

Алијанса и Алтернатива маршираа за демократија

SlobodnaEvropa.mk 

Со албански знамиња и знамиња на САД и Европската Унија членовите и поддржувачите на партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва маршираа од паркот Чаир, преку Владата па се до Делегацијата на ЕУ во Скопје. Маршот, наречен „Марш за демократија“, е со цел да се заштити демократијата и да се врати довербата на граѓаните во демократските вредности, порачаа од Алијанса и Алтернатива од каде неколкупати досега посочија на изборен грабеж со кои се соочиле на неодамнешните парламентарни избори. Читать дальше...

Индија блокираше уште 47 кинески мобилни апликации

SlobodnaEvropa.mk 

Индија блокираше уште 47 кинески апликации за мобилни телефони, откако ја забрани популарната платформа за споделување видео, Тикток и 58 други апликации, повикувајќи се на национална безбедност и заштита на податоците, изјави денеска висок владин претставник. „Забранивме 47 кинески апликации за мобилни телефони што ја покажува сериозноста на владата во однос на приватноста и безбедноста на податоците“, изјави официјалниот претставник за Агенцијата Франс Прес. Тој додаде дека наредбата е издадена во петок. Читать дальше...

Туристичките работници на мирен протест в среда

SlobodnaEvropa.mk 

Со мирен протест пред Владата, в среда, на 29 јули, туристичките работници ќе се обидат уште еднаш да укажат дека без поддршка од државата не можат да ја надминат ситуацијата во која се најдоа поради корона вирусот. Како што соопштија попладнево, за протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе бидат следени од автобуси. Протестот ќе почне симболично пред Дрво Декор, а ќе продолжи кон буеварот „Кочо Рацин“, улиците „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, до Владата. Читать дальше...



Вработените во Гугл на „работа од дома“ до јули 2021

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во „Гугл“ ќе работат од дома најмалку до јули следната година, објави „Волтрит џурнал“. Извршниот директор, Сундар Пичаи оваа одлука ја донел по состанокот на директорите на компанијата. „Гугл“ претходно планирал работниците да останат дома до крајот на 2020 година. Новата одлука се однесува на сите речиси 200.000 вработени во „Гугл“, и оние со полно работно време и за оние што се хонорарно ангажирани. „Волстрит џурнал“ наведува дека Пичаи сака особено да им помогне на работниците... Читать дальше...

Софија бара Анкара да ги почитува добрососедските правила

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на својата посета на Атина ја повика Турција „да го почитува меѓународното право и правилата за добрососедство“ алудирајќи натензиите во Средоземното Море. „Зголемувањето на тензиите во источниот Медитеран претставува опасност за целата Европска Унија“, изјави таа на прес-конференција со нејзиниот грчки колега Никос Дендијас. САД: Турција да ги прекине гасните истражувања во кипарските води Грчката воена морнарица беше подигната во знак на тревога минатата недела... Читать дальше...

На старите функции вратени се 14 раководни лица во МВР

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во МВР, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада. Од МВР денеска соопштија дека се ревидирани и составите на телата и комисиите при МВР. За раководител во Битола е именуван Африм Шабани, во Куманово Севадил Џафери, во Охрид Хамди Емини, во Скопје Мемедали Мухареми и во Тетово Јетмир Абази. Читать дальше...

Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Роберт О’Брајен, советник за национална безбедност на американскиот претседател, Доналд Трамп, е позитивен на коронавирус, објави Ројтерс. О’Брајен е во изолација во својот дом, од каде што ги извршува работните активности. Во меѓувреме од Белата куќа соопштија дека нема ризик за претседателот Доналд Трамп и потрпетседателот Мајк Пенс. „ О’Брајан има благи симптоми, се изолираше и работи од безбедна локација надвор од својата канцеларија. Не постои ризик за претседателот или потпретседателот да бидат изложени на вирусот“... Читать дальше...

СЗО: Пандемијата се забрзува

SlobodnaEvropa.mk 

Пандемијата предизвикана од коронавирусот се интензивира во светот, бидејќи во последните шест недели бројот на заболени е речиси двојно зголемен, достигнувајќи 16 милиони, а бројот на починати надмина 640 илјади, соопшти денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гербејсус. „СЗО има информации за речиси 16 милиони случаи на заразени лица и повеќе од 640 000 смртни случаи. Пандемијата продолжува да се забрзува“, рече тој, истакнувајќи дека „бројот на случаи е речиси двојно зголемен во последните шест недели”. Читать дальше...



Дендиас: С. Македонија во ЕУ е стратешки избор и за Бугарија и Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Европската интеграција на Северна Македонија и на Албанија и за Бугарија и за Грција претставува стратешки избор што води до стабилен Балкан, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата во грчкото МНР со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, јави МИА Атина. Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија изразија поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но со почитување на поставените услови. Известувачот за Македонија на ЕП бара првата Меѓувладина... Читать дальше...

Албанскиот претседател Мета нема да биде разрешен

SlobodnaEvropa.mk 

Со мнозинство гласови, албанскиот Парламент на денешната пленарна седница ја усвои препораката на парламентарната Анкетна комисија во врска со прашањето околу разрешувањето на претседателот Илир Мета, јави МИА од Тирана. Со 78 гласови „за“, беше одлучено претседателот Мета да не биде разрешен поаѓајќи од наодите во извештајот на комисијата, што го презентираше претседателот Улси Мања, а во кој стои дека прекршувањата на уставните надлежности од страна на претседателот Мета не се сериозни. Против гласаа 17 додека воздржани беа осум пратеници. Читать дальше...

Нови 128 случаи на Ковид-19 и шестмина починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19, шестмина починати и 137 оздравени, соопшти Министерството за здравство. Новозаразените се регистрирани во Скопје 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2 и во Свети Николе 1. Светот на интернет - Ковид 19 - „Ауу баш ви верувам“ „Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга. Читать дальше...

Судење за „Акмис“ - Обвинетиот Панчевски не можел да подготви одбрана

SlobodnaEvropa.mk 

Во Велешкиот суд денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд - Скопје, Владимир Панчевски. Обвинетиот пред Судот изјавил дека не можел да подготви одбрана. Спорд обвинението, Панчевски од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, како претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања. Читать дальше...

Бугарија дозволи влез со ПЦР тест не постар од 72 часа

SlobodnaEvropa.mk 

На пет држави, меѓу кои и на Северна Македонија, ќе им биде дозволен влез во Бугарија, но само со негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, соопштија бугарските власти. Покрај Македонија, влез под тие услови им е дозволен и на туристи од Молдавија, Израел, Кувајт и Србија. По оваа одлука, која е донесена на барање на туристичкиот сектор, од Кабинетот на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, оцениле дека потегот ќе претставува сериозна поддршка за нашите хотелиери, кои имаат мака да ги наполнат своите капацитети. Читать дальше...

Синдикатот бара итно бесплатено тестирање на полицајците за Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) бара веднаш да се обезбедат бесплатни тестови со кои ќе се изврши скрининг на полициските службеници, идентификување на асимптоматските случаи и мапирање на случаи на лица кои веќе го прележале корона вирусот. „Како Синдикат неодложно бараме доколку е во можност Министерството, а доколку не, владата веднаш да обезбеди бесплатни тестови со кој ќе се врши скрининг и тоа по возраст и хронични болести кои би биле опфатени со испитувања во првиот период,... Читать дальше...

Помош од Германија за македонските болници

SlobodnaEvropa.mk 

Германската амбасада во Скопје и амбасадорката Анке Холштајн потпиша договори за донација за јавните здравстевни установи Клиничка болница Штип, Општа болница Куманово, Општа болница „Борка Талески“ Прилеп и Здравствен дом Гостивар со вкупна вредност од 152.000 евра, со цел поддршка на Северна Македонија при справување со пандемијата од ковид-19 и директна помош на граѓаните, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје. Според соопштението од Амбасадата, македонските здравствени установи ќе... Читать дальше...

МПЦ го поддржа патријархот Вартоломеј за Аја Софија

SlobodnaEvropa.mk 

Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, упати писмо на сострадалност и поткрепа до веселенскиот патријарх Вартоломеј поради промената на статусот на храмот Света Софија во Истанбул, соопшти неговиот Кабинет. „Споделувајќи ја загриженоста на сиот христијански свет со решението за промена на статусот на храмот посветен на Премудроста Божја – Света Софија, најпрекрасниот украс во христијанската архитектура, изграден од ктиторот – богољубивиот и свет цар Јустинијан, роден на македонските простори... Читать дальше...

Албанската платформа на ДУИ „лет во празно“

SlobodnaEvropa.mk 

Ниту една партија до сега не го коментираше јавно новиот предлог „албанска платформа “ на ДУИ со која по етничка основа се бара таа да биде единствената што ќе преговара за влез во новата Влада. Аналитичарите велат дека таа е очајничка и недемократска порака.

Продолжува етапната исплата на пензиите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека исплатата на пензии за јули почнува од утре, со што продолжува предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, а како дел од мерките за поголема заштита на пензионерите од Ковид-19. „Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Утре ќе се исплаќаат пензии со висина до 11.000 денари... Читать дальше...

Ковид 19 - „ауу баш ви верувам“

SlobodnaEvropa.mk 

„Ауууу баш ви верувам. До кога планирате да не правите будали“. Ова се само дел од коментарите на посетителите на нашите социјални мрежи - вие коментирате.


Музыкальные новости
Юрий Лоза

"Тыкала камеру в физиономию": Лоза оправдал Лепса за "разборки с дамочкой" в Костроме





Персональные новости
Выставка

Выставка достижений народного хозяйства (ВДНХ) отпраздновала “День Космонавтики”





Странците најмногу се жалеле од јавната хигиена и од патиштата

SlobodnaEvropa.mk 

Хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите на земјава, анкетирани на граничните премини, а заедно со неа со најниска оценка за 2019 година е и патната мрежа. Највисока оценка посетителите дале за однесувањето на луѓето, објави Државниот завод за статистика. Според Заводот, просечната оценка за услугите што странските посетители ја кажале на граничните премини во 2019 година е 4,16. Светски ден на животната средина – „Природата ни праќа порака“ Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53... Читать дальше...

СДСМ: Ќе формираме Влада, ВМРО-ДПМНЕ: Нема живот со Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, порачаа социјалдемократите утрово преку соопштение испратено до медиумите. „Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство. Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред“... Читать дальше...

Хотелот икона во Сараево: Ја преживеа опсадата, може ли и пандемијата?

SlobodnaEvropa.mk 

Хотелот Холидеј Ин во Сараево стана иконски белег и симбол на опстанокот за време на опсадата на босанската престолнина 1992-95 година. За време на војната во Босна, хотелот остана отворен и стана база за странските новинари кои го покриваа конфликтот. Денес познат како Хотел Холидеј, зградата сега се соочува со друга егзистенцијална криза - пандемијата со ковид-19. Со драматичниот пад на туризмот и недостатокот на гости, хотелот е пред затворање. Но, како што пишуваат Уна Чилиќ и Џенана Карабеговиќ... Читать дальше...

Регистрирани 329 прекршоци за неносење маска за лице

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонијана територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 329 прекршоци, информираше Министерството за внатрешни работи. Пораст на бројот на заразени од ковид-19 МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Во Германија земјоделски имот во карантин заради ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 480 вработени, меѓу кои и многу сезонски работници од Источна Европа, се ставени во карантин во на една фарма во Баварија, откако 174 лица се заразени со коронавирусот, објавија локалните власти во Германија. Работниците се со потекло од Унгарија, Романија, Бугарија и Украина. Коронавирусот и животните: не се само лилјаците Сите вработени на имотот се во карантин, а еден од нив бил хоспитализиран. Жителите на Менинг, каде што се наоѓа земјоделскиот имот, ќе можат бесплатно да бидат тестирани за вирусот корона... Читать дальше...

Институциите бараат пари за капитални инвестиции ама не ги реализираат

SlobodnaEvropa.mk 

Во првите шест месеци од годинава реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51 отсто. Од Министерствата најголема релизација има финансии, а најмала Министерството за економија. „Штедливи“ биле и Собранието, СЕП, Претседателот на државата.

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудники Росгвардии приняли участие в чемпионате Центрального округа по боксу.


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Прямая трансляция первого матча Елены Рыбакиной на турнире в Штутгарте


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

АО «Транснефть – Дружба» подвело итоги деятельности в сфере экологической безопасности





Путин в России и мире
Москва

На окружном полуфинале конкурса «Это у нас семейное» Калмыкию представляют четыре семьи


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Владимир Высоцкий

Актриса Лужина призналась, что у нее не было романа с Высоцким



Москва

Саудовская Аравия увеличила добычу нефти на 0,6% в феврале 2024 г.

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net