123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

Новости за 15.07.2020

Падна сајтот на ДИК за објавување на резултатите од гласањето

SlobodnaEvropa.mk 

Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем, на чие надминување работат ИТ експерти. Резултатите од гласањето пристигнуваат во ДИК, но засега не можат да се гледаат на нивната веб – стрaница.

Бајрами - Изборите се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегуларности

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори 2020 година се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегуларности, соопшти вечерва јавниот обвинител Џелал Бајрами, претседател на Комисијата. На електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можеа да пријават сомнежи за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, како што информира тој, пристигнале вкупно 24 известувања... Читать дальше...

Мирен изборен ден, сите очекуваат победа

SlobodnaEvropa.mk 

Над половина од гласачите го искористиле своето право на глас на денешните предвремените парламентарни избори. Поради пандемијата изборниот ден траеше два часа подолго, наместо до 19 часот, се гласаше до 21. Излезноста заклучно до 20 часот и 45 минути изнесува 50, 86 отсто. Изборниот ден минаа мирно, со спорадични проблеми, велат од ДИК. И набљудувачите регистрираат помали неправилности. Граѓаните денеска избираа пратеници за десеттиот состав на собранието. Првичните резултати се очекуваат доцна вечерва.



Јанушев – Засега водиме со 7-8 пратеници разлика

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој е и носител на кандидатската листа на неговата партија во третата изборна единица, рече дека по обработени 20 отсто од гласачките места, ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ од над 10 илјади гласови. Според овие бројки, предноста на ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 7-8 пратеници, рече Јанушев. Тој рече дека водат во повеќето општини, а од досега преброените гласови во Гази Баба, Аеродром, Кратово, Кривогаштани, Свети Николе и во Бутел водат со 2 спрема 1 во однос на СДСМ. Читать дальше...

Таравари - Во предност сме, очекуваме победа

SlobodnaEvropa.mk 

Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва на прес-конференција во Скопје рече дека информациите, што ги имаат од нивните штабови, покажуваат дека се во предност и очекуваат победа. Но, според него, ова биле најнекоректни избори. „Трендот е во наша предност. Сме биле под притисок од три страни и тие соработувале за да не оштетат нас. Ние сме оштетена страна во овој изборен процес“, рече Таравари. Тој очекува лидерите на партиите да излезат за кратко и да ги кажат конечните резултати.

Николовски – Очекуваме сигурна победа на СДСМ

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој е и носител на кандидатската листа во третата изборна единица, вечерва рече дека според првичните информации коалицијата предводена од СДСМ е во огромно водство. Тој сепак не одговори колку пратенички места очекуваат. „Со право очекуваме потврда на резултатите од анкетите и сигурна победа на СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“, рече Николовски. Тој оцени дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера, а од здравствен аспект изборните биле безбедни.

Чулев – Изборите минаа во мирна, фер и демократска атмосфера

SlobodnaEvropa.mk 

Генерална оценка е дека овие избори минаа во мирна фер и демократска атмосфера, рече вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој рече дека до Министерството за внатрешни работи имало пријави за агитација, делење пари за гласање, пишување графири, фотографирање на гласачко ливче, напад на полициски службеник и други неправилности, но оти изборниот ден генерално го оцени за мирен. Денеска биле евидентирани 151 настани, од кои за 31 настани наводите во пријавите не биле потврдени. Приведени... Читать дальше...

Османи – Да се обединиме за Албанец премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Бујар Османи од ДУИ на прес-конференција им заблагодари на граѓаните кои, како што рече, и покрај пандемијата излегле во голем број да ѝ дадат легитимитет на наредната влада. „Очекуваме да бидеме клучен фактор во детерминирање на понатамошните политички чекори во државата“, рече Османи. Тој ги повика партиите од албанскиот блок да се обединат околу идејата на Албанец премиер. „Граѓаните веќе ја дадоа поддршката, сега и партиите треба да се обединиме, за да направиме денеска историја“, рече Османи.



Протест против уставните измени во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку стотици луѓе денеска протестираа во Москва против неодамна одобрените уставни измени, со кои му се овозможуваат уште два мандати на претседателот Владимир Путин, односно му се отвора пат да биде на власт до 2036 година. Демонстрантите извикуваа „Путин поднеси оставка“ и „Путин крадец“. Протестот се одржа под силно полициско присуство на плоштадот Пушкин, додека во руската престолнина паѓаше дожд. Демонстрантите ја потпишаа петицијата против уставните измени што беа донесени на националниот... Читать дальше...

Гласањето заврши - излезноста скоро 51 отсто на 15 минути пред затворање на гласачките места

SlobodnaEvropa.mk 

Одѕивот на денешните предвремени парламентарни избори, на петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места, бил 50,86 отсто, односно на гласање излегле 922.678 гласачи, соопшти вечерва претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ова се податоци од обработени 3466 од 3480 гласачки места. Поради пандемијата на коронавирус, гласањето беше продолжено до 21 часот, наместо како вообичаено до 19 часот. Најголем одѕив има во четвртата изборна единица, каде што гласале 59,79 отсто од регистрираните избирачи... Читать дальше...

Премиерот на Федерацијата БиХ Фадил Новалиќ хоспитализиран поради коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Федерацијата БиХ фадил Новалиќ денеска е хоспитализиран во Клиниката за белодробни заболувања „Подхрастови“ на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Претходно беше потврдено дека Новалиќ бил позитивен на коронавирусот и поради воспаление на белите дробови му е потребен клинички третман. Новалиќ денеска качил температура и почувствувал општа слабост. Денеска е потврдено дека позитивен на коронавирус е и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ.

Само Тетово и Јегуновце со над 40 % одзив во тетовско

SlobodnaEvropa.mk 

До 19 часот во општините Тетово и Јегуновце се надминати 40 проценти на излезност за гласање од страна на граѓаните. Во Општина Тетово од 84.454 граѓаните гласале 40, 97 проценти додека во Јегуновце од 10.168 луѓе гласале 40,52 отсто запишани избирачи. И натаму општина Желино останува со најмала излезност на граѓаните. Од 23.926 граѓани само 28, 16 % отишле да гласаат во едно од 35-те избирачки места. Во Теарце се бележат 36,42% одѕив на граѓаните, а слична излезност е евидентирана во Боговиње со 32,10 % и Брвеница со 35, 34 %.

Борисов побара оставки од тројца министри, антивладините протести продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска побара оставки од министерот за финансии Владислав Горанов, министерот за внатрешни работи Младен Маринов и од министерот за економија Емил Караниколов. Одлуката е донесена по состанокот меѓу Борисов и регионалните координатори на неговата партија ГЕРБ. Во меѓувреме, во Бугарија седми ден по ред се одржуваат антивладини протести. Демонстрантите се собраа во центарот на Софија попладнето околу 17 часот по локално време и се очекува протестот да продолжи до доцна во ноќта, јавија бугарски медиуми. Читать дальше...

Мониторинг на МОСТ: Фотографирано гласачко ливче

SlobodnaEvropa.mk 

Според досегашните потврдени информации од набљудувачите на МОСТ, на гласачките места имаат забележано неправилност на гласачкото место 0755 во село Осој, Општина Кичево, при што еден гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. „Била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор“, наведоа на прес-конференцијата на МОСТ. На гласачкото место 0102, во Битола, гласач со попреченост гласал со подвижен параван... Читать дальше...

Запалени бродови во иранско пристаниште

SlobodnaEvropa.mk 

Се запалиле неколку бродови во иранското пристаниште Бушхер во Персискиот Залив, јавија локалните ирански медиуми. Официјалната новинска агенција ИРНА објави фотографија на која се гледа црн чад како се издига над бродоградилиште во јужното пристаниште додека пожарникарите се борат со пожарот. Полуофицијалната новинска агенција Тасним јавува дека засега нема податоци за жртви. Според извештаите, најмалку седум бродови биле оштетени во пожарот. Овој инцидент е последен во низата пожари и експлозии... Читать дальше...

Словенечките новинари протестираа против измени во закони за медиуми

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици словенечки новинари, медиумски работници и активисти протестираа пред словенечкиот Парламент против законските измени, чија цел, според медиумите, е Владата да ги стави медиумите под своја политичка контрола. Јавноста и новинарските кругови неодамна го критикуваа предлогот на Владата за изменување на три закони од областа на јавните медиуми и политиката на медиуми по итна постапка, по многу краток рок за јавна расправа. Според нив, во државната телевизија и новинската агенција СТА, кои... Читать дальше...

Полицајци се степале во Тетово, МВР го расчистува случајот

SlobodnaEvropa.mk 

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи. Двајцата полициски службеници учествувале во инцидентот кој се случил на крстосниците на улиците 120 и Борис Кидрич. За случајот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди, соопштија од СВР Тетово. Претходно, портпаролот на Министерството за внатрешни... Читать дальше...


Музыкальные новости
Фрэнк Синатра

Мартин Скорсезе вернулся к идее 15-летней давности. Он снимет Леонардо ДиКаприо в роли Фрэнка Синатры





Персональные новости
Россия

«Калмыкия стала точкой объединения народов всей страны»: в Элисте стартовал Первый Фестиваль национальных театров России





Нови 198 случаи на заразени со ковид-19, четири починати

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 198 случаи на заразени со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1382 тестирања. И натаму најголем број на новозаразени има во Скопје -83. Потоа следуваат Свети Николе со 27, Штип со 21 заразен, Куманово 12, Битола -11, Госитивар-10,Тетово -9, Радовиш со 7 заразени, по тројца новозаразени има во Струга, Охрид, Демир Хисар, во Прилеп, Пробиштип и Велес има по двајца и по еден случај е регистриран во Дебар, Кочани и Кичево. Загриженостa... Читать дальше...

Нови 119 заразени и 10 починати од коронавирус во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Од вчера тестираните 420 примероци во Приштина има 119 позитивни на коронавирус, со што бројот на заразени достигна 5237, од кои 2462 се оздравени, а 2663 сè уште се активни. Најголем број од новите случаи, односно 63 се во Приштина, а во Ѓаковица има 12. Досега од болеста починаа 112 луѓе, од кои 10 само вчера.

Една третина од гласачите го оствариле своето право на глас

SlobodnaEvropa.mk 

До 17 часот на гласање излегле 38,78 отсто од гласачите, соопшти ДИК. МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите. Изборниот ден поминуваат мирно, без поголеми неправилности, нотираат набљудувачите. За 120 места во парламентот се борат 15 политички субјекти, најголем дел од нив новоформирани партии и коалиции. Право на глас имаат 1.814.263 гласачи. Поради пандемијата на коронавирусот се гласа два часа повеќе, односно до 21 часот.

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудники Росгвардии приняли участие в чемпионате Центрального округа по боксу.


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Прямая трансляция первого матча Елены Рыбакиной на турнире в Штутгарте


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Самое опасное" начнётся в пятницу: Синоптик предупредил об аномальной погоде в России





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о развитии отечественного судостроения   


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

Занимает два места на парковке: Тимати купил дорогущий бронированный автомобиль



Москва

Чем заняты дальневосточники в московском метро

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net