123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2020
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26 27 28 29 30 31

Новости за 13.07.2020

СЗО – Нема враќање на старото нормално во догледна иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Пандемијата на коронавирусот ќе се влоши ако земјите не се придржуваат до здравствените мерки за заштита, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Ројтерс. „Дозволете ми да бидам јасен, бројни земји се движат во погрешен правец, вирусот останува непријател број 1“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелниот состанок во Женева. „Ако не се следат препораките, единствениот пат по кој ќе се движи оваа пандемија ќе биде сè полош и полош“, рече тој. Читать дальше...

ДИК: Гласаа 723 заболени од ковид-19 и луѓе во изолација

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 723 луѓе го искористиле правото на глас во рамки на денешното гласање на лица заболени од ковид-19 и во самоизолација, информираше денеска Државната изборна комисија. За гласање до ДИК се пријавиле 823 луѓе, од нив биел прифатени барањата на 759 луѓе. Од нив 36 не го искористиле правото на глас. Во текот на денот, ДИК излегуваше со различни бројки на пријавени и прифатени барања за гласање. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски појасни дека било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, а... Читать дальше...

Директорот на скопската зоолошка повикан во полицијата поради статус на Фејсбук за изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Зоолошка градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, денеска бил повикан во полиција да даде исказ за објава на Фејсбук. Откако еден час давал изјави си заминал од полициската станица. Директорот на јавното претпријатие на Фејсбук напишал дека тие што ќе гласаат за една од партиите учеснички на изборите, треба да го пречкртааат зборот „Северна“ од гласачкото ливче. Доколку се интервенира на ливчето тоа станува неважечко Денеска од ДИК повторија дека единствен начин на гласање е заокружување... Читать дальше...



Тачи и утре ќе дава исказ во Хаг

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска шест часа беше испрашуван од меѓународните обвинители за воени злосторства во Хаг. Тој потоа изјави дека цело време слушал само технички прашања кои му ги поставувале обвинителите и неговиот правен застапник. Тачи не даде други детали, освен тоа дека испрашувањето ќе продолжи и утре. Специјалното обвинителство го повика Тачи да дојде во Хаг, откако беше обвинет за воени злосторства. Претходно пред да влезе во зградата на Специјалниот суд, претседателот... Читать дальше...

Филипче ќе го потпише КОВАКС механизмот за пристап до вакцина против коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја потпише необврзувачката изјава за намери за приклучување кон КОВАКС механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19. Владата на денешната седница го овласти Филипче да ја потпише изјавата и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец. Вакцина за сите? КОВАКС механизмот е договор на Светската здравствена организација... Читать дальше...

На Илинден во Крушево ќе оди претседателот на Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

На претстојниот државен празник Илинден во Крушево ќе оди државна делегација предводена од претседателот на Собранието, соопшти владината прес-служба, по одржаната седница. На прославата во Скопје ќе присуствува делегација предводена од премиерот, а во Пелинце делегацијата ќе ја предводи претседателот на државата. Утврдена е и владината делегација која ќе присуствува во Смилево. Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата... Читать дальше...

Европската комисија ги осудува заканите кон новинарката Милевска, дописничка од Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

„Секој напад врз новинарите е неприфатлив и треба да биде осуден. Новинарите треба да бидат во можност да ја работат својата работа ослободени од насилство, вознемирување и заплашување“, реагира денеска Европската комисија во писмено соопштение, по повод вербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска. „Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата и е во ДНК-то на Европа. Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми... Читать дальше...

Од ковид-19 во Иран досега починаа тројца пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

Уште еден пратеник од иранскиот Парламент почина како последица на ковид-19, соопштија денеска иранските државни медиуми. Од коронавирус почина 59 -годишниот пратеник Иса Џафари, кој е третиот пратеник што почина од почетокот на пандемијата во февруари. Од ковид-19 претходно починаа и пратениците Фатемех Рахбар, пратеник од главниот град Техеран и Мохамед Али Рамезани, пратеник од северната провинција Гилан. Со коронавирус во април беше заразен и претседателот на Парламентот, Али Лариџани, но тој се опорави. Читать дальше...



На базен со маска и на растојание, не важат веќе правилата за седење во кафулиња и кафеани

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница усвои протоколи за работа на базени и плажи во услови на пандемија со ковид -19,што ги предложи Комисијата за заразни болести. Освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење маска и физичка дистанца од 1,5 – 2 метри и на плажа и во вода, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, протоколот за плажите предвидува и информирање на посетителите на почитување на мерките. Тоа треба да се прави... Читать дальше...

ЕУ се надева на важен исчекор во односите Белград – Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на Европска унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ за продолжувањето на Дијалогот Белград – Приштина истакнувајќи дека се надева дека на следниот состанок ќе има „важен чекор во правец на нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина. „Задоволен сум што можам да објавам дека Дијалогот Белград – Приштина повторно е придвижен и оти разговорите што почнаа во неделата ќе продолжат со втор состанок в четврток. Читать дальше...

Денеска шест луѓе даруваа крвна плазма за борба против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека досега се обезбедени вкупно 52 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Само во текот на денешниот ден шест лица дарувале крвна плазма, од кои четири од Штип и две од Прилеп, информираат од Институтот за трансфузиона медицина. Во даруваната крв има антитела кои може да се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19. Дарител може да биде секое лице излекувано од коронавирус кое ги исполнува условите за дарување плазма наведени во протоколот. Читать дальше...

Цивил регистрира кршење на изборниот молк

SlobodnaEvropa.mk 

Кршење на изборниот молк и пропагандни активности, како и случај на говор на омраза и лажни вести бележат набљудувачите на здружението Цивил кои ги мониторираат изборите. Во соопштението на Цивил се наведува дека политичките партии преку некои содржини на социјалните мрежи вешто ги заобиколуваат правилата за изборен молк и формално можеби не го кршат Изборниот законик, но може да се протолкуваат и како пропагандна активност. „Говор на омраза и лажни вести се бележат и на Фејсбук страницата на едно медиумски експонирано лице... Читать дальше...

СПЦ со писмо до Ердоган за Аја Софија - Тоа е историска неправда

SlobodnaEvropa.mk 

Српската православна црква реагира на одлуката за промена на статусот на Аја Софија (Света Софија) во Истанбул. Српскиот патријарх Иринеј во писмо до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оценува дека враќањето на статусот на џамија е историска неправда. Тој вели дека тоа е непотребен политички чекор, кој е штетен и за меѓународниот углед на Турција и за односите меѓу христијаните и муслиманите во светот. И Светиот синод на Грчката православна црква(ГПЦ) по вторпат реагираше на одлуката за црквата. Читать дальше...

„Локум фест 2020“ со амбициозна македонска музичка приказна

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ, БАЛКАВА и ЉУБОЈНА, од 22 до 24 јули, во Пацио – Завод и музеј во Битола, во организација на Центарот на културна деконтаминација, ќе се одржи 14-то издание на Балканскиот етно - фјужн фестивал „Локум фест“ чија цел е промоција на живото културно наследство.

До 15 часот гласале 340 лица со ковид-19 и во самоизолација

SlobodnaEvropa.mk 

До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 луѓе со ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии. Најдоцна до 21 часот ќе се знае колкумина од лицата со ковид-19 или во самоизолација гласале. Гласаат позитивните на ковид-19 и луѓе во изолација... Читать дальше...

Турција од Македонија бара поодлучни напори против структурите не ФЕТО

SlobodnaEvropa.mk 

Една од примарните точки на агендата на Турција ќе биде борбата против структурите на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен во странство, изјави денеска амбасадорот на Турција во Македонија Хасан Мехмет Секизќок. Досега се екстрадирани над 120 припадници на оваа организација од повеќе 20 земји во Турција, рече турскиот амбасадор на прес-конференцијата организирана по повод турскиот празник 15 јули – Денот на триумфот на демократијата и националното единство. Тој вели дека очекува од... Читать дальше...

Брнабиќ предлага задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогласена или не вонредна состојба. Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба. Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија се хоспитализирани 159 луѓе позитивни на новиот коронавирус. Читать дальше...

Косово воведе задолжителен тест за ковид-19 за државјани на Македонија, БиХ и Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Косово воведе задолжителен тест за ковид-19 за влез во државата на граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора, одлучи денеска Владата на Косово. Тестот не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница. Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така... Читать дальше...

Нови 88 со Ковид-19, тројца починати и 123 оздравени

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани три смртни случаи, 88 новозаразени со коронавирус и 123 оздравени лица. „Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од... Читать дальше...


Музыкальные новости
Иоганн Себастьян Бах

Бах vs Бетховен в Петрикирхе





Персональные новости
Желдорреммаш

В АО "Желдорреммаш" введен единый Стандарт системы неразрушающего контроля на производстве





Напад на талибанците во Авганистан, 14 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанските милитанти извршија оружени напади врз воени и полициски објекти во авганистанските окрузи Имам Сахип и Чардере, соопшти портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Кундуз, Есматула Мураду, пренесе АП. Одговорноста ја презеде „Движење на Талибанците“. Бомбашки напад во Авганистан, над 40 повредени Во нападот во провинцијата Кундуз загинале најмалку 14 припадници на авганистанските безбедносни сили, а двајца се повредени. Во престрелката се убиени и тројца напаѓачи, а четворица се ранети. Читать дальше...

15-ина странски медиуми известуваат за македонските избори

SlobodnaEvropa.mk 

Предвремените парламентарни избори ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи кои добиле акредитации од Државната изборна комисија, соопшти ДИК. Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат: Ројтерс, Франс Прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката националната телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, германската АРД, Европската фото прес агенција – ЕПА, Турската радио-телевизија, агенцијата Анадолија... Читать дальше...

Мигранти држеле во заложништво други мигранти во Ваксинце

SlobodnaEvropa.mk 

Мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група мигранти во селото Ваксинце поради, засега, се уште неутврдени причини, информираше МВР. „Денеска, по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце 2 непознати лица мигранти држеле поголема група на мигранти во заложништво, превземени се мерки и активности при што во напуштен објект се пронајдени 21 лице – мигрант од кои 2 сторитела од Пакистан кои се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти“, стои во извештајот на СВР Куманово. Читать дальше...

Германија бара санкции за Русија поради хакерски напад на Бундестагот

SlobodnaEvropa.mk 

Германската влада им предложи на земјите членки на ЕУ да воведат санкции против Русија поради хакерскиот напад врз Бундестагот пред пет години, јави германската новинска агенција ДПА. Германската влада претпоставува дека едно лице од разузнавачката служба на руската армија, ГРУ, било вмешано во хакерскиот напад на ИТ-мрежата на Бундестагот во мај 2015 година. Затоа владата им предложи на своите партнери од ЕУ воведување на заеднички санкции против Москва, јавДПА, повикувајќи се на одговорот што... Читать дальше...

Филипче: Досега нема проблеми на денешното гласање

SlobodnaEvropa.mk 

Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, изјави денеска во Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче. Гласаат позитивните на ковид-19 и луѓе во изолација На ниво на цела држава денеска право на глас имаат 706 лица болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре предвидено е да гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852... Читать дальше...

Брнс: Се надевам дека мерките ќе ги охрабрат граѓаните да гласаат

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе треба да видиме каков ќе биде одѕивот на гласачите. Како и сите други, охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, од одличната комуникација која е преземена од Владата да ги охрабри гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина, изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнс. Таа истакна дека не може да се каже каков ќе биде одѕивот на гласачите на претстојните предвремени парламентарни избори во услови на пандемија... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

В Гостином дворе прошел форум «Мы вместе. Спорт»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

WTA отреагировала на суперкамбэк Елены Рыбакиной


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о сохранении экологии Севастополя





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге: «Запуск «Ангары-5» — новая страница в развитии космической отрасли России» 


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Юрий Лоза

Лоза объяснил, почему Лепс выбил телефон из рук фанатки



Москва

Порядка 300 бригад и 290 единиц техники ГУП «Мосводосток» дежурят на улицах города

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net