Грција пак ги заострува корона-мерките заради состојбата кај соседите
Поради зголемениот број поминувања кон соседните земји, но и поради зголемениот број позитивни случаи регистрирани на граничните премини, грчката Влада, со одлука на премиерот Кирјакос Мицоакис, а по препорака на надлежните, ги заострува мерките на копнените граници и од 22 јули до 4 август за Грците и оние кои имаат дозвола за престој, влезот и излезот од земјата ќе биде дозволен само од шест гранични премини, соопшти портпаролот Стелиос Пецас наденешниот редовен брифинг со новинарите, јави МИА од Атина.
Продолжена забраната за влез за македонски државјани во Грција
„Освен она што веќе е одлучено и е во сила за влез од Промахонас, од вторник кон среда 22 јули на полноќ, до 4 август, влезот на грчка територија за есенцијални поминувања дозволено е само од граничните премии Какавиас, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи“.
Тој дополни дека и грчките граѓани и оние кои имаат дозвола за престој, исто како и туристите, сега веќе ќе бидат обврзани да го пополнат специјалниот образец Passenger Locator Form (PLF).