Загриженост во Дебар по рекордната бројка на заразени со ковид-19
Во последните 24 часа во Дебар е регистриран најголемиот број на болни од вирусот Ковид 19, вкупно 17. Општинскиот кризен штаб оцени дека состојбата е повеке од загрижувачка, а како главна причина на големиот број на болни и тоа претежно млади се наведува непочитување на мерките за заштита од страна на населението како и непочитување на протоклите за работа на угостителските објекти.
На седницата на штабот со кој раководше градоначалникот Хекуран Дука денеска побара од министерството за здраство да обезбеди пулмолог и инфектолот за дебарската болница како и дополнителни кревети, а во апелот до населението нагласува дека непочитувањето на мерките е главна причина за влошената состојба.
Податоците на штабот велат дека 85 лица моментално се активни случаи, додека пет лица со потешка здравствена слика се на лекување во Скопје. И единицата за јавно здравје состојбата ја оцени како крајно загрижувачка, додека раководителот на единицата Ментор Мела, упати остри критики на непочитување на мерките особено од младите, за што расте и боројот на младите кои се позитивни. Според него, состојбата може да излезе од контрола ако населението не ја врати дициплината во почитување на мерките. Полицијата во последните 24 часа има казнето 9 дебарчани за непочитување на мерките.
Со денешните борјки на болни од почетокот на пандемијата во Дебар се регистрирани околу 140 болни од кои 5 ја загубија битката со опасниот вирус.