Брнабиќ: Најлош ден за Србија од почетокот на пандемијата
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека денеска е најлош ден за земјата од почетокот на борбата против коронавирусот. Во Србија денеска се регистрирани 386 заразени и 18 починати лица од вирусот, а 130 лица се на респираторни машини. Според неа, најкритично е во Белград, а потоа следуваат Шабац, Крагуевац и Нови Пазар. Таа порача и дека новите случаи се резултат на недисциплината од пред пет-шест дена, а резултатите од протестите ќе се видат за три-четири дена.
„Нема да се двоумиме за воведување рестриктивни мерки за да го зачуваме здравјето на луѓето. Мое мислење е дека најефикасна мерка е воведување на вонредна состојба и забрана за движење, но се трудиме овојпат да имаме поинаков пристап бидејќи ова е борба која ќе трае долго“, порача Брнабиќ.
Од каде толку гнев во Србија против мерките за КОВИД-19?
Таа ги повика луѓето да не се собираат во толкав број на јавно место и кога ќе го победат заедничкиот непријател, тогаш да ги водат сите останати политички борби