Австрија повторно воведува ограничувања за патници од Романија и Бугарија
Австриската влада денеска соопшти дека повторно воведува ограничувања за патници кои доаѓаат од членките на ЕУ, Романија и Бугарија, каде што се зголеми бројот на заразени со коронавирус, како и за патници од Молдавија.
Австриското Министерство за надворешни работи денеска ги предупреди австриските граѓани да не патуваат во овие три земји поради загриженоста поради заразените патници што од странство доаѓаат во земјата.
Македонските граници со ограничувања за соседните земји
Канцеларот Себастијан Курц по владината седница упати „итен апел“ да се избегнува патување во тие земји.
Австрија повторно ќе бара тестови за коронавирус за патниците од Бугарија и од Романија или двонеделен карантин. Мерката ќе се однесува и на патниците од Молдавија.
Во Романија денеска се регистрирани 555 нови случаи на коронавирус, додека во Бугарија бројот на активни случаи се удвои во последните две недели од 500 случаи на средината на јуни на над 1000 минатата недела.
Во Австрија досега има над 18 илјади случаи на коронавирус, а 706 луѓе починаа. На почетокот на месецот Австрија издаде предупредување за патување во земјите од Западниот Балкан кои не се членки на ЕУ поради ширењето на коронавирусот. Со предупредувањето беа опфатени Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.