Владата итно ќе одлучува за ПЦР тестот за патници од регионот
Премиерот Оливер Спасовски потврди дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР-тест не постар од 72 часа и додаде дека предлогот ќе биде разгледан веднаш и ќе биде донесена одлука во најкраток можен рок.
„Да, денеска има таков предлог од Комисијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука“, изјави Спасовски.
Влез во земјава само со тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора
Претходно Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок на кој одлучила да достави предлог до Владата од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.