Израел тврди дека не стои зад инцидентот во иранската нуклеарна централа
Израелското министерство за одбрана соопшти дека земјата не стои зад секој мистериозен инцидент во Иран, откако пожар изби во објект во нукеларната централа Натанц. Израел вети дека никогаш нема да му дозволи на Иран да создаде атомско оружје. Иран тврди дека атомска програма на земјата е мирољубива.
Нуклеарната централа Натанц е центарот на иранската програма за збогатување ураниум и нејзината работа е набљудувана од Меѓународната агенција за атомска енергија.
„Не секој инцидент што се случува во Иран мора да има врска со нас. Сите тие системи се комплексни, тие имаат многу високи безбедносни ограничувања и не сум сигурен дека тие секогаш знаат како да ги одржуваат“, изјави израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц.
Иран ја идентификувал причината за инцидентот во нуклеарен објект
Иранското највисоко тело за безбедност вчера соопшти дека причината за инцидентот во нуклеарниот објект Натанц е утврдена, но одби да објави детали, повикувајќи се на безбедносни причини.