Талибанците убиле 10 авганистански војници во Хелманд
Десет авганистански војници загинаа во напад на Талибанците врз воената база во јужната провинција Хелманд, соопштија официјални лица.
Во нападот се повредени и четворица војници.
Портпаролот на Талибанците, Кари Јусуф Ахмади ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека тие запленила и оружје и муниција.
Бунтовниците имаат големо присуство во покраината Хелманд. Талибанците ги зголемија своите напади во последниве денови против базите на Авганистан и контролните пунктови низ различни провинции.