Времето денеска: ќе биде облачно и врнежливо
Ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Од пладневните часови во северните делови ќе започне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири во поширокиот регион на Повардарието. Утринската температура ќе биде од еден до осум, а дневната од четри до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу шест, а дневната ќе достигне до 10 степени.