Времето денеска - врнежливо со јужен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, претежно во западните делови на земјата, а ќе дува и имерен до засилен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи од 6 до 12 степени, според прогнозата на Хидрометеролошкиот завод.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Темепературата ќе достигне до 10 степени.