Собраниска расправа за предлог-буџетот за 2020 година
![Собраниска расправа за предлог-буџетот за 2020 година](https://gdb.rferl.org/B0629458-465C-4AD2-892D-7F3BB621B7A6_w800_h450.jpg)
Македонското собрание денеска ја продолжува седницата за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година. На вчерашниот втор ден од расправата пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата полемизираа за тоа дали и колку е развоен предложениот буџет. За опозиционерите тој е мегаломански и популистички, политички поткуп пред избори, неразвоен и со капитални инвестиции на ниско ниво. Обвинија дека никогаш немало помалку инвестиции, поголемо загадување и иселување и дека државата е за една милијарда денари задолжена во две и пол години. Според пратениците од власта, пак, раст е предвиден во сите области. Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто, за плати во споредба со лани се планирани повеќе од седум проценти, а приоритет се социјалните трансфери каде што исто така ќе има зголемување.