Марш на сексуалните работници во Скопје за поголеми права
Сексуалните работници традиционално по 12-ти пат денеска во Скопје маршираа за поголеми права, еднаков третман пред законите и почитување на нивното право на слободен избор. Тие бараат измени на законските регулативи кои ги криминализираат сексуалните работници.
„Маршот на црвените чадори“ се одвиваше низ центарот на Скопје.
Сексуалните работници посочуваат дека анализите на граѓанските организации покажале дека во 2018 година биле документирани 100 случаи на насилство врз сексуални работници, додека во 2019 година бројот е помал, но тоа не се должи на позитивните промени, туку на обесхрабреноста и немањето доверба во институциите.
Маршот е во организација на граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.